Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров поради нејзините 120 заштитени зони со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО.

Со величествената Фиренца, својата престолнина и најпознатиот симбол, Тоскана е колевка на ренесансата, на нејзиното тло од 14-16 век се раѓале нови филозофски и научни мисли, а на основите на античката култура се создале врвни книжевни, сликарски и вајарски градетелски дека кои влијаеле на уметничкиот и општествениот препород на многу европски земји. Тука престојувале најславните уметници на тоа време: Данте, Петрарка, Бокача, Фра Анџелија, Ботичели, Микеланџело, Леонардо да Винчи…