• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ЕГИПЕТ

ЦРВЕНО МОРЕ И ХУРГАДА
Најпознатиот, светски, подводен тропски рај

 

FIRST MINUTE, LAST MINUTE, ПОПУСТИ, ПРОМОЦИИ, АКЦИИ

Со чартер летови или редовни авионски конекции, традиционално Ве носиме дирекно до брегот на Црвеното Море. Искористете ги големите Early Booking попусти за рани - "First Minute" резервации. Следете ја нашата понуда редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, "First Minute" или "Last Minute" акции; или контактирајте со наш агент за детални информации....

 

ХУРГАДА ЛЕТО 2021
- ВО ПРОДАЖБА - 

За најбрзите - големи EARLY BOOKING попусти и поволности! 
 
 7, 10, 11, 14 дневни аранжмани!
 Голем избор на добри и проверени хотели!
 Чартер термини во текот на целото лето!
 Локални претставници & 24 часовна асистенција!
 Одлични цени и услови!
 Долгогодишно и докажано искуство во Египет!
 30 години традиционално квалитетна, сигурна и професионална услуга.
 

ДИРЕКТНИ ЧАРТЕРИ ЈУНИ - СЕПТЕМВРИ

Нурнете се во топлите води на коралното, тропско Црвено Море, со само 3 часа лет. 

Авионска чартер програма 7, 10, 11, 14 дена во хотел по избор, All Inclusive, трансфери, организација на факултативни екскурзии...

» Кон понуда или контактирајте нѐ за да подготвиме оптимална понуда за Вас!

 

ХУРГАДА ЛЕТО 2021 - ПРОГРАМА

 

1.ден:  Скопје - Хургада

Пристигнување на Скопски Аеродром 3 часа пред и лет, согласно актуелните аеродромски правила за чекирање. Директен лет за Хургада во раните утрински часови, согласно поставеното време на лет. По пристигнување, пречек од страна на претставник од партнер агенцијата во Хургада и организиран трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот денот на пристигнување). Ноќевање. 

 

 2 - претпоследен ден:  Хургада

Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети (Посета на Каиро со пирамидите и музејот; Посета на Луксор и храмовите; Пустинско сафари; Расјки остров, Нуркање...). Ноќевање во хотел.

 

Последен ден:  Хургада - Скопје

Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до времето за трансфер кон аеродромот во Хургада. Директен лет до Скопје во вчерните часови, според поставеното време на лет. Пристигнување во Скопје.

 
 

ЦЕНИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

» Авионски карти на релација Скопје - Хургада со чартер лет.
» Чекиран багаж до 20кг + 7кг рачен багаж 
» Аеродромски и административни такси.
» ПЦР тест не постар од 72часа пред влез во државата е задолжителен.
  Асистираме и закажуваме навремено бесплатно тестирање во акредитирана лабораторија.
» Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.
» Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада.
» Престој во избраниот хотел согласно резервираниот број на ноќевања.
» Организација на патувањето.
 

ЦЕНИТЕ НЕ ВКЛУЧУВААТ: 

» Меѓународно патничко здравствено осигурување.
» Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).
» Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.
» Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
» Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци. *** за престој од 01.07.2020 - 30.04.2021 визите за туристи со македонски пасош се БЕСПЛАТНИ***

 

 

ЗАБЕЛЕШКИ: 

» Дадените цени во пребарувачот се моментални и може да бидат променети без најава. Валидна цена е онаа која е актуелна за време на резервацијата.

» Сите хотели се на барање.

» Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

» За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

» За резервација потребна е уплата од 30% од вкупниот износ, додека остаток се доплаќа најдоцна 14 дена пред патување. 

 

 

Издвојуваме од понудата и ви препорачуваме:

 

» DESERT ROSE RESORT 5*
Еден од најатрактивните фамилијарни ALL INCLUSIVE хотели во Хургада, погодно лоциран во туристичка зона на самиот брег на Црвеното Море. Располага со огромни зелени површини, голем број на барови и ресторани, аква парк, голема плажа...

» LABRANDA ROYAL 5*
Хотел со врвна услуга, богати содржини и ретко убава голема песочна плажа - погодно лоциран на самиот брег на Црвеното Море, во прекрасниот залив Макади Беј (Makadi Bay). Одличен избор за мирен и спокоен одмор на море.

» CONTINENTAL RESORT 5*
Сериозно квалитетен хотел со традиционално отмена услуга и содржини - идеален за удобен и спокоен одмор на брегот на Црвеното Море. Мирна атмосфера и сервис налик на бутик хотел, прекрасна природна песочна плажа вдолж брег од палми, а надвор - атрактивно туристичко шеталиште (Memsha), ресторани и барови, Buddha Bar, Hard Rock...

» JAZ MAKADINA 5*
Престижен и отмен хотел лоциран во еден од туристички најатрактивните луксузни хотелски комплекси во Хургада - MADINAT MAKADI. Првокласна 5* услуга, прекрасна песочна плажа, аква парк, голф терени, вкусна храна...

» SHERATON SOMA BAY 5*
Изграден во стилот на импресивниот храм Карнак, овој отмен и луксузен хотел ја има една од најубавите лагуни на Црвеното Море!

» PYRAMISA SAHL HASHEESH 5*
Огромен All Inclusive ресорт полн со содржини распослани низ прекрасно оплеменети градини, лоциран директно на долга песочна плажа во елитната туристичка зона Sahl Hasheesh.

» TITANIC ROYAL 5*
Овој сосема нов и луксузен хотел сместен на самата обала на Црвеното Море, поседува повеќе различни базени со вкупна површина од дури 5.200 м2, свој аквапарк со 13 тобогани, неколку ресторани и барови, софистицирано опремени соби и лобија, спа центар, детски клуб, и многу, многу други содржини.

» SUNNY DAYS RESORT 4*
Континуирано еден од најпопуларните и секогаш фотогенични хотели на Црвеното Море во Хургада. Од 2020 година, поранешните два Sunny Days хотели (Palacio & Palma De Mirette) се спојуваат во еден голем ресорт богат со содржини.

» MERAKI BEACH RESORT 4* (Adult Only)
Уникатен, модерен и секогаш забавен, еден од најпопуларните - МЕРАКЛИСКИ хотели. Уживајте и чувствувајте се живи во уникатната атмосфера на овој хотел само за возрасни

» FORT ARABESQUE RESORT 4*+
Хотел идеален за љубителите на вистинските убавини на Црвеното Море, лоциран во живопосниот залив Makadi Bay - на преубава сопствена песочна плажа долга 900м - една од најдобрите во целиот  регион на Хургада. Официјална категоризација е 4*+, но наша категоризација - чисти 5* !