ВИЗИ

Визи

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВИЗИ

За некои земји потребно е писмо со покана, а за некои гарантно писмо. Но и двете мора да бидат заверени во соодветна институција.

Писмото со покана претставува покана од некој државјанин на одредена земја и доказ дека во таа земја ќе биде обезбедено сместување за оној што бара виза.

Покрај писмо или гарантно писмо може да приложите и резервација односно ваучер за хотел . Потребно е да пронајдете хотел и да направите резервација која ќе ја покажете во Амбасадата при вадењето на виза. Резервацијата потоа можете да ја користите или откажете.

Гарантното писмо освен поканата треба да содржи и Изјава од тој што Ве повикува, со која се обврзува дека освен што ќе Ви обезбеди сместување, храна, евентуални медицински трошоци итн, тој ќе гарантира дека нема да направите некој инцидент. Со други зборови, Вашиот домаќин со гарантното писмо изјавува дека ќе одговара за Вас, се додека сте во таа земја. Гарантното писмо е поформално од писмото со покана, и не може да се замени со ваучер .Ваучерот е валиден документ кој може да биде побаран од страна на службените лица при влез во странската држава ( аеродром или граничен премин ).

Резервација за авионски билет е документ кој многу амбасади го бараат при поднесување на документите за виза. Резервацијата на билетот може да ја извршите во нашата агенција и истата е бесплатна доколку авионскиот билет се уплаќа преку нас.

Обрнете посебно внимание што Ви бара Амбасадата: дали само резервација или купен авионски или автобуски билет .

Полисата за патничко осигурување е задолжителна при поднесување на документи за виза. Истата ние ја издаваме.


ИНФОРМАЦИИ ЗА ВИЗЕН РЕЖИМ

Визен режим на Република Македонија со други држави, специјални административни региони и субјекти и територијални власти непризнати како држави. Прегледај тука.


КАКО ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИЗА

За подетални информации за визи за сите држави од светот може да прочитате тука.

 

ДИПЛОМАТСКИ ПРЕТСТАВНИШТВА И КОНЗУЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Листа на странски дипломатско-конзуларни претставништва, претставништва на меѓународни организации и почесни конзулати во Република Македонија.

 

ПРЕТСТАВНИШТВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО

Кога престојувате во странство своите права ги остварувате преку нашите претставништва. Тука ја имате листата на претставништва.

 


 

НЕИМИГРАНТСКА ВИЗА ЗА САД  

За аплицирање за неимигрантска виза за САД потребно е да се поднесе електронски формулар ДС-160, да се плати МРВ такса (административна такса за виза) и електронски да се закаже термин во Американската амбасада во Скопје.Амбасадата на САД препорачува точно да се одговорат сите прашања, вклучувајќи ги и безбедносните прашања во апликацијата кои се однесуваат на кандидатот кој бара виза.

За информации околу закажување на терминот за неимигрантска виза и инструкции за ДС-160 формуларот за аплицирање за виза за САД, можете да се обратите во нашата агенција.

 

ИМИГРАНТСКА ВИЗА ЗА САД - Diversity Visa

Американската иселеничка лотарија (USA Green Card Lottery) ја организира Американската влада секоја година во месец Октомври и тоа регистрацијата на кандидатите се врши само во тој период преку електронски формулар и соодветна електронска фотографија со одредени димензии.

 

 


 

За пополнување и поднесување на овие електронски формулари може да не контактирате на нашиот

e-mail:info@meridijan.com.mk или да се јавите на нашиот контакт телефон:045/222-166