ЕВИА

ПЕФКИ
ЕДИПСОС

Евиа, второто по големина острово во Грција или трето на источниот Медитеран, се наоѓа на одалеченост од околу 490 км од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеќу домашното население. Главниот град на островото е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција. Ова острово е богато со археолошки наоѓалишта, манастири, традиционални села, како и повеќе хотелски комплекси. Со своите туристички содржини, нуди различни можности за богат одмор и забава. Нејпопуларни туристички места на островото се градчињата Пефки, Лимни и Едипсос. Градчето Пефки, е мало рибарско место лоцирано на северниот брег од островото Евиа. Неговата местоположба, збогатена со поглед кон планинскиот масив Пилион и познатото острово Скиатос, дополнително му ја збогатува неговата туристичка атрактивност. Пефки е карактеристично и по долгата и широка песочна плажа со крупен песок, која се простира на околу четири километри должина покрај самото место. Дополнителна убавина на градската плажа и ја овозможува кристално чистата вода на синото и мирно море. Пефки има и сопствено мало пристаниште, на кое се усидрени неколкуте рибарски и туристички бродчиња. Шеталиштето покрај москиот брег, дополнително го збогатуваат повеќето рибни ресторани, кафулиња и барови. Локалниот пазар е секогаш снабден со свежо овошје, зеленчук и риба од блиското море. Гостопримливите домаќини, најдобро го надополнуваат видливиот шарм на целото место, синилото на морската шир и релаксираната атмосвера за време на престојот, која бездруго ќе ве потсетува да му се вратите повторно.

read more