HOTEL PANTHEON (14)

Хотел "PANTHEON" - Олимпик Бич

Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во студио

 

ХотелPantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/3 и 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ - LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен  интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ. Студијата кој се на III кат.  Ви посакуваме пријатен престој. 


 EARLY BOOKING - Лето 2026 

10%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26) 
  7%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26) 

 

 

 

 

НАПОМЕНА

  • -  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • -  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • -  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • -  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • -  Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
  • -  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • -  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
  • -  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • -  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • -  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • -  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
  • -  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
  • -  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

  • -  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • -  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  •  Доплата за туристичка такса  2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
  • -  Доплата за клима - 7€ од ден (на рецепција);
  • -  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
  • -  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
Автобуски превоз ОЛИМПИК БИЧ, според термини од табелата  Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје - Олимпик Бич (275km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол-Автопат) 04:15h

 Скопје - Катерини - Паралиа -   Олимпик бич
 
 Автопат (Е75)

 Трошоци во еден правец:
 Патaрини во Македонија (280ден)
 Патарини во Грција (5.20€)

 Скопје:  (пред хотел Континентал) 05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта) 05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија)  05:45h
 Неготино:  (бензинска Макпетрол) 06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
 Поаѓање од Олимпик Бич:     16:00 по МК време / 17:00 по ГР време на околу 200m од хотелот.

 

GPS Coordinates:  40.238531, 22.587753