ПАРГА
VILA OLIVE TREE 9/9 noki bez prevoz
Комплексот „Olive Tree“ се наоѓа во рамниот дел на Парга, во мирен и зелен дел од одморалиштето. Оддалечен е околу 1000 м од плажата Писо Крионери а до центарот на градот води пријатен, рамен пат, што го прави овој имот идеален избор за семејства со деца и гости кои сакаат опуштен одмор без искачување на скали, што е карактеристика за Парга.Гостите имаат на располагање базен со лежалки и чадори, бар покрај базенот, уреден двор со градина. Нуди пространи студија со два и три кревети сместени на високото приземје – посебни куќи (бунгалови) и на првиот кат. Секоја сместувачка единица има опремена кујна (фрижидер, шпорет, основни садови и прибор за јадење), бања, телевизор, тераса и клима уред (дополнителен надомест од 7 евра на ден, се плаќа на лице место). Максималниот капацитет на секоја сместувачка единица е три лица без оглед на возраста; Едно дете до 5 години може да престојува во заеднички кревет; За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
ЦЕНОВНИК 2026
