Вила Зинова (73)

ОПИС:

 На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.

 

ПОПУСТИ:

-15% попуст за резервација со 50% уплата до 31.01.2024

-10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024

-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024

 


Zinova Studios – се наоѓаат во центарот на Пефкохори, на само 100 м од плажа, веднаш до познатиот маркет “ Próodos (Πρόοδος) “ . Сите студиа се целосно реновирани во 2022 год. Zinova Studios располага со 1/2+1 и 1/3 студиа, сите на прв спрат .
Студиа бр.3, 4, 5, и 6 се трокреветни, располагаат со 1 брачен + 1 единечен кревет истите се опремени со мини кујна, фрижидер ,основен прибор, приватен тоалет , тв, клима , wi-fi , балкон кој гледа кон дворот на вилата, (бр.3 гледа кон улицата).
Студиа бр.1, 2 се исто така трокреветни, распоагаат со 1 брачен + фотеља на спуштање.  Истите се опремени со мини кујна, фрижидер ,основен прибор, приватен тоалет , тв, клима, wi-fi ,балкон кој гледа кон улицата, и страничен поглед море.

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.

Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.

ВАЖНA НАПОМЕНА:  За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

 Одалеченост:

Agia Paraskevi Church — 5 km 

Кohili boutique — 3 km 

Hanioti Beach — 4 km

Polichrono Beach — 9.7 km

Kalithea – 19.6 km

Lidl – 21.2 km

           

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

Период Ноќи 1/2+1 студио 1/3 студио Коментар
26.05-02.06.2024 7 151€ 171€ промо
02.06-09.06.2024 7 191€ 241€ промо
09.06-16.06.2024 7 261€ 321€  
16.06-23.06.2024 7 361€ 401€  
23.06-30.06.2024 7 391€ 441€  
30.06-07.07.2024 7 451€ 471€  
07.07-14.07.2024 7 481€ 521€  
14.07-21.07.2024 7 481€ 521€  
21.07-28.07.2024 7 481€ 521€  
28.07-04.08.2024 7 481€ 521€  
04.08-11.08.2024 7 481€ 521€  
11.08-18.08.2024 7 481€ 521€  
18.08-25.08.2024 7 451€ 481€  
25.08-01.09.2024 7 391€ 431€  
01.09-08.09.2024 7 351€ 381€  
08.09-15.09.2024 7 261€ 281€  
15.09-22.09.2024 7 171€ 191€ промо
22.09-29.09.2023 7 131€ 151€ промо

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, a најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

Во цената е вклучено:

  • 7 Ноќевања,
  • Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината)
  • Клима

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,
  • Патничко осигурување,
  • Паркинг
  • Туристичка такса 1,5 евра на ден (се плаќа во АГЕНЦИЈАТА)

 

 Цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики (секоја Недела) време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04;00 45 €
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)  04;30 45 €
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес 03;40 60 €
Неготино – (БП Неготино) 05;00 45 €
Граничен премин – (БП Шимов) 06;00 45 €

 

Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики (секоја Недела) време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 05;00 40 €
Прилеп – (БП Селида),  трансфер до Битола 04;15 40€
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола 03;15 50 €
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола 03;30 50 €
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола 04;15 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

Услови:

 

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин.
  • Попустите не може да се комбинираат.
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервации:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

GPS КОРДИНАТИ:  https://goo.gl/maps/4hPeH8T9eeDhsR4i6