ПЛАТАМОНА (Неа Пантелеимон)
VILA ELENI 74
Неос Пантелејмонас се наоѓа во самото подножје на планината Олимп, на брегот на Егејското Море, и е едно од местата што е многу привлечно за туристите од цела Европа. Ова шармантно мало место е оддалечено само 110 километри од Солун, а се протега над и под главниот пат, а низ него поминува и регионална железница.
Главната причина зошто треба да го посетите ова место, е навистина големата, чиста и убаво уредена плажа. Паралија Пантелејмон е исто така наречена Плажа на замокот, поради средновековната тврдина што се издига над брегот на висина од околу 100 метри. Оваа импозантна тврдина на крстоносците е изградена во текот на 13 век и до неа може да се стигне со автомобил или по разни патеки.
Неос Пантелејмонас има многу чиста и добро уредена плажа со камчиња и песок, која не е многу преполна со туристи.
Без разлика дали сте расположени за одмор со деца, романтично патување или активен одмор со голема група, Неос Пантелејмонас може да биде одличен избор.
Во градот има голем број продавници и ресторани. Бидејќи се наоѓа во подножјето на Олимп, ноќите можат да бидат посвежи
Вклучено
- 7 ноќевања во вила Escape
Не вклучено
- Доплата за туристичка такса 14 евра од апартман (Се плаќа во агенција)
- Скопје / Велес / Неготино / Гр. премин Богородица
- Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 45 еур во еден правец
- Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 35 еур во еден правец
- Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
- Патничко осигурување
За попусти контактирајте не на телефон!
|
31.07.2026
07.08.2026
|
07.08.2026
14.08.2026
|
14.08.2026
21.08.2026
|
21.08.2026
28.08.2026
|
28.08.2026
04.09.2026
|
04.09.2026
11.09.2026
|
11.09.2026
18.09.2026
|
18.09.2026
25.09.2026
|
25.09.2026
02.10.2026
|
02.10.2026
09.10.2026
|
|
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Апартман 1/3 бр.3 1 брачен, 1 единечен кревет, прв спрат | 399.00 € |
399.00 €
|
445.00 € |
445.00 €
|
388.00 € | 331.00 € | 291.00 € | 259.00 € | 226.00 € | 178.00 € |
| Апартман 1/4 бр.1 2 брачни кревети, прв спрат | 415.00 € |
0.00 €
|
473.00 € |
473.00 €
|
413.00 € | 353.00 € | 310.00 € | 275.00 € | 241.00 € | 189.00 € |
| Апартман 1/4 бр.2 1 брачен, 2 единечни кревети, прв спрат | 415.00 € |
415.00 €
|
473.00 € | 473.00 € | 413.00 € |
353.00 €
|
310.00 € | 275.00 € | 241.00 € | 189.00 € |
| Апартман 1/4 бр.6 2 брачни кревети, втор спрат | 415.00 € | 415.00 € | 473.00 € | 473.00 € | 413.00 € | 353.00 € | 310.00 € | 275.00 € | 241.00 € | 189.00 € |
| Апартман 1/4 бр.8 1 брачен, 2 единечни кревети, втор спрат |
415.00 €
|
415.00 € | 473.00 € | 473.00 € | 413.00 € | 353.00 € | 310.00 € | 275.00 € | 241.00 € | 189.00 € |
| Апартман 1/4+1 бр.9 2 брачни, 1 единечен кревет, втор спрат | 430.00 € | 507.00 € | 507.00 € | 507.00 € | 442.00 € | 378.00 € | 331.00 € | 294.00 € | 258.00 € | 202.00 € |
| Апартман 1/5 бр.7 1 брачен, 3 единечни кревети, втор спрат | 430.00 € |
507.00 €
|
507.00 € | 507.00 € | 442.00 € | 378.00 € | 331.00 € | 294.00 € | 258.00 € | 202.00 € |
| Дуплекс апартман 1/5 бр.4/5 2 брачни, 1 единечен кревет, прв спрат |
507.00 €
|
507.00 €
|
507.00 €
|
507.00 € | 442.00 € |
378.00 €
|
331.00 € | 294.00 € | 258.00 € | 202.00 € |
-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
Пријавата станува валидна по потврдата од страна на службата за резервации, со обврзно потпишување на писмен договор за патување. Со својот потпис на договорот за патување, патникот потврдува дека е запознаен со содржината на Општите услови на патување како и со програмата на патување и дека тоа го прифаќа. Со пријавата, патникот е должен да уплати обврзна аконтација во висина од 30% од износот на целиот аранжман, доколку не е поинаку предвидено во програмот на патување. Останатиот износ се уплатува најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето, доколку со програмот на патување не е одреден друг рок. Доколку патникот во рокот кој е предвиден со договорот, програмот на патување или со општите услови на патување не ја изврши уплатата во целост, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно на Член 10.
2. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот на патувањата е должен пред се да се однесува со внимание како во поглед на услугата така и со одбирањето на лицата на кои им е поверено извршувањето на поедини услуги и да се грижи за интересот на патниците согласно професионалните принципи во туризмот. Покрај тоа организаторот на патувањето е должен да:
- склучи писмен договор за патување со патникот
- му обезбеди на патникот писмен програм на патувањето, општи услови на патувањето како и да го запознае со можностите и понудата за осигурување
- му исплати на патникот адекватна надокнада по повод благовремено доставениот писмен приговор, поради потполно или делумно неизвршување на услуги опфатени со програмата на патување
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако имиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот.
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на "виша сила" која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ
Право и должност на патникот е пред се да се запознае со програмот на патувањето како и со содржината на општите услови за патување, кои ги прифаќа со потпишување на договорот во свое име или во име на корисникот за чии потреби се врши уплатата. Патникот е должен да ја изврши уплатата на аранжманот по условите предвидени со програмот на патување, да достави сите потребни податоци за организирање на патувањето и да обезбеди дека неговите документи ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи.
4. ЦЕНА, СОДРЖИНА И ТРАЕЊЕ НА АРАНЖМАНОТ
Цените се објавени во програмот на патување и утврдени се врз основ на договор со нашите странски партнери и не мораат да одговараат со цените објавени на лице место. Разликата во цените не може да биде предмет на рекламација. Цената на аранжманот по правило вклучува (доколку не е поинаку назначено): услуга за превоз, хотелски и угостителски услуги и организација на патувањето. Цената по правило НЕ вклучува: факултативни излети, трошоци за виза, влезници и осигурување.
5. ПРАВО НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА
Цената на аранжманот одредена е со ценовник валиден на денот на склучување на договорот кој ги обврзува двете договорни страни, освен во законски предвидени случаи. Организаторот може да инсистира на зголемување на договорената цена доколку после потпишувањето на договорот дошло до промена на курсот во размена на валутите или тарифите на превозникот. Доколку зголемувањето преминува 10%, патникот може да го раскине договорот без обврска за надокнада на штета, но најдоцна два дена од известувањето.
6. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГА
Понудените хотели, апартмани и други објекти во програмите опишани се спрема официјалната категоризација. Исхраната, комфорот и другите услуги зависат од цената и се разликуваат во зависност од одредиштето.
7. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ / АПАРТМАНИ
Распоредот на собите и апартманите е одреден од страна на рецепцијата во местото на престојот. Доколку патникот однапред не договорил стриктно за каква соба треба да се работи, должен е да прифати било каква службено регистрирана соба/апартман во објект опишан во програмата. Вообичаено сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 09:00 часот.
8. ЛИЧНИ ИСПРАВИ
Сите услови객авени во програмот на патувањето се однесуваат исклучиво за државјани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Патник кој се пријавува за патување во странство мора да има важечки документи и во рок предвиден во програмот да ги достави сите потребни документи за виза. Организаторот не гарантира за добивање на виза.
9. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО НА ОТКАЗ
Организаторот на патувањето може да го откаже патувањето во целост или делумно, во случај на настапување на вонредни околности кои не можеле да се предвидат, избегнат или отклонат. Организаторот е овластен да го откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници, за што е должен да ги извести патниците најдоцна 5 дена пред планираното патување, со обврска за повраток на средствата во целост, а најдоцна 3 дена од денот на отказот.
10. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ
Патникот има право на отказ од патувањето, за што е должен писмено да го извести организаторот. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметување на надокнадата изразена процентуално во однос на вкупната цена на патувањето:
- 30% за отказ 30 дена пред патувањето
- 40% за отказ 29–15 дена пред патувањето
- 70% за отказ 14–8 дена пред патувањето
- 90% за отказ 7–1 ден пред патувањето
- 100% за отказ на денот на патувањето
Во случај на отказ за авиопатување важат правилата на авиокомпанијата. Сервисите и административните трошоци на Агенцијата не се рефундираат. Нерефундабилните билети немаат право на поврат на средства.
11. ИЗМЕНА НА ПРОГРАМОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот на патувањето има право на измена на програмот на патување, доколку истата е предизвикана од вонредни околности кои не можеле да бидат предвидени, со тоа што трошоците настанати паѓаат на товар на организаторот. Замена на договореното сместување може да се врши само со употреба на објект од иста или повисока категорија.
12. РЕКЛАМАЦИИ
Секој патник поединечно, има право на приговор поради неизвршена или делумно извршена услуга и обврзан е да приложи писмена рекламација кон организаторот најдоцна во рок од 8 дена по завршеното патување. По истекот на овој рок организаторот не е должен да ја земе во предвид рекламацијата. Организаторот е должен да одговори на уредно доставената рекламација во рок од 15 дена од нејзиниот прием.
13. БАГАЖ
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните линии. Кај автобускиот чартер превоз дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник. Организаторот на патувањето не превзема одговорност за изгубен, оштетен багаж или кражба на истиот за време на реализација на аранжманот.
14. ПРЕВОЗ СО АВТОБУС И АВТОБУСКИ ТРАНСФЕРИ
Превозот со автобусот и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси. По правило, не постои однапред распоред на седишта на патниците. Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вонредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите или расипување, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
15. ЦАРИНСКИ И ДЕВИЗНИ ПРОПИСИ
Патникот е должен стриктно да ги почитува царинските и девизните прописи во Р. Македонија, во земјите во кои е во транзит и крајните одредишта. Во случај на спречување на патувањето поради кршење на наведените прописи, сите последици и трошоци ги сноси самиот патник.
16. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја. Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење ги плаќа патникот. Препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување.
17. ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА
Попустите за деца се одредени од страна на хотелиерите и се толкуваат со ограничување (ако попустот важи за деца до 2 години, за дете со 2 години и еден ден попустот не важи).
18. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ
Договорените страни ќе се обидат спорните прашања во врска со овој договор да ги решат спогодбено, а во спротивно надлежен суд.
