VILLA FLEGOS (12)

Апартманскиот комплекс „Флегос“ иако се наоѓа во центарот на Фурка на 150 метри од плажа, изолиран е во апсолутен мир и тишина. Околу објектот има слободни места за паркинг. Располагаме со неколку апартмани кои се реновирани 2020 година, сите се квалитетно уредени, со комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет и големи тераси. Има прекрасен двор со зеленило и скара. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.

За целосни уплати до 15 март – 7% попуст!

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

 

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1 И 2 ЛИЦЕ3 И 4 ЛИЦЕ
26/5-2/6 7 139 55
2/6-9/6 7 159 55
9/6-16/6 7 179 55
16/6-23/6 7 199 55
23/6-30/6 7 219 55

 

Сезонски цена (објавени за наем на апартман за 7 ноќевања)

 

ТЕРМИННОЌЕВАЊАТРИКРЕВЕТЕН АПАРТМАНЧЕТИРИКРЕВЕТЕН АПАРТМАН (2+2)
30/6-7/7 7 490 560
7/7-14/7 7 525 595
14/7-21/7 7 560 630
21/7-28/7 7 595 665
28/7-4/8 7 595 665
4/8-11/8 7 595 665
11/8-18/8 7 595 665
18/8-25/8 7 595 665
25/8-1/9 7 560 630

 

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

 

ТЕРМИННОЌЕВАЊА1 И 2 ЛИЦЕ3 И 4 ЛИЦЕ
1/9-8/9 7 219 55
8/9-15/9 7 199 55
15/9-22/9 7 159 55
22/9-29/9 7 109 55

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „туристичката агенција травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (meridijan.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница (meridijan.mk) е од информативен карактер
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „туристичката агенција “, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, „туристичката агенција “ не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „туристичката агенција “ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
  • т.а. „туристичката агенција “ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција.