VILA CENTAR (19)
ВИЛА ЦЕНТАР
Вила Центар се наоѓа во центарот на Калитеа, на самото шеталиште. Добрата локација на објектот овозможува брза достапност на гостите до плажа (200 метри) и до голем број супермаркети, продавници и ресторани. Препорачлива е за сместување гости кои уживаат во ноќните забави и живите прошетки во местото.
Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија (реновирани 2022) опремени со мини кујна, телевизор, клима уред, тераса и тоалет, како и дуплекс апартман со две одделни спални, дневна со кујна, клима уред, тераса и тоалет (изграден во 2024).Вилата поседува и бесплатен безжичен интернет, додека користењето на клима уредот се плаќа на лице место. Калитеа важи за место со прекрасна природна идила, зеленило, плажи со бел песок како и кристално бистра вода.
Наем на студио/дуплекс
цени за цело студио/апартман за 7 ноќи без превоз
|
Термин |
25.05 |
01.06 |
08.06 |
15.06 |
22.06 |
29.06 |
06.07 |
13.07 |
20.07 |
|
Студио 1/2 |
219 € |
229 € |
249 € |
269 € |
299 € |
349 € |
359 € |
369 € |
399 € |
|
Термин |
27.07 |
03.08 |
10.08 |
17.08 |
24.08 |
31.08 |
07.09 |
14.09 |
21.09 |
|
Студио 1/2 |
409 € |
409 € |
399 € |
369 € |
359 € |
349 € |
299 € |
249 € |
229 € |
Во цената е вклучено:
- наем на студио/дуплекс за 7 ноќи
- преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
Во цената НЕ е вклучено:
- патничко осигурување
- туристичка такса 2 € по соба од ден (се плаќа во агенција)
- клима 5 € од ден (се плаќа на лице место)
Само превоз (повратно):
- деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)
- деца од 2 до 12 години: 35 €
- возрасни: 45 €
Термини поаѓањe за Грција:
|
Град |
Време |
Локација |
|
Скопје |
05:00 |
Олимписки Базен |
|
Кочани |
04:30 |
Пред Судот |
|
Штип |
05:00 |
Нова Пошта |
|
Радовиш |
05:30 |
Автобуска |
|
Струмица |
06:00 |
Автобуска |
Напомени:
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање.
- Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
- Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Уплати се извршуваат исклучиво во денари (1€ = 62 денари)
- Важат општите услови за патување на Агенцијата
