VILA KATERINA (24, 26, 20, 73)

Вила Катерина се наоѓа во Лептокарија, сместена на околу 100 метри од морето и недалеку од центарот. Вилата има безжичен интернет и простор за складирање на багаж за време на смената.Вилата се состои од три спрата, со трокреветни, четврокреветни студиа и апартмани. Во секоја соба има опремена кујна, тоалет со туш, телевизор, клима уред (со доплата на лице место) и тераса.

 

Соби

Студио бр. 6 – приземје 1/3 (1 брачен + 1 единечен кревет)
Студио бр 6А – 2 спрат 1/3 (1 брачен + 1 единечен кревет) 

Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.

Check in:      14:00h.
Check out:   
10:00h.

Важна Напомена:  За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

GPS   40°05’99.86″N22°56’79.53″E  

 

ПОПУСТИ:
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024  ЦЕНОВНИК:

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари. 
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

 

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

термини ноќи студио 1/2 студио 1/3 студио 1/4 Апп 1/5
25.05-01.06 7 89 109 129 159
01.06-08.06 7 139 159 179 199
08.06-15.06 7 159 179 199 249
15.06-22.06 7 209 229 249 349
22.06-29.06 7 249 269 289 399
29.06-06.07 7 289 309 329 439
06.07-13.07 7 329 349 369 469
13.07-20.07 7 349 369 399 499
20.07-27.07 7 389 399 419 539
27.07-03.08 7 399 419 439 579
03.08-10.08 7 399 419 439 579
10.08-17.08 7 399 419 439 559
17.08-24.08 7 379 389 419 549
24.08-31.08 7 349 359 379 509
31.08-07.09 7 299 319 339 459
07.09-14.09 7 269 289 319 399
14.09-21.09 7 199 219 239 349
21.09-28.09 7 129 139 159 229

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во ценате Е вклучено:

  • 7 ноќевања во студио
  • Безжичен интернет

Во ценате НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување 150 ден.
  • Паркинг
  • Доплата за клима уред  5€ на ден ( се плаќа во објектот )
  • Туристичка такса 1,5 евра на ден за соба (се плаќа во објектот)

ПРЕВОЗ

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до ПИЕРИА секоја САБОТА:

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа  време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04:00 45 €
Велес – БП мотел Македонија 04:30 45 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 60 €
Неготино – бензинска, Неготино 05:00 45 €
Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 45 €

Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно

Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа   време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 40 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 40 €
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола 02:15 50 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола 02:30 50 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола 03:15 50 €

Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
14;00 13;00 Лептокарија

Релациите кои се наведени како (трансфер во МКД) се реализираат со патнички возила или комбe

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин.
  • Попустите не може да се комбинираат.
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервации:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.