КЕФАЛОНИЈА

ПОРОС

Како едно од најголемите острови во јонскиот архипелаг, Кефалонија воедно претставува и едно од најинтересните остови во јонското море. Главен град на островото е градот Аргостоли, во кој воедно живее и една третина од тамошното население. Тој е одлично поврзан со сите негови делови и туристички места кои ги има на сите страни од островото. Претпоставките за потеклото на името на осторвото, водат од истоименото митолошкото суштество "Кеафалус", преку обликот на самото острово, па се до самиот факт кој вели дека тоа одсекогаш претставувало главно острово на оваа група на острови. Неговата површина зафаќа 904 км2 на која денес живеат околу 40.000 жители. На исток од Кефалонија се наоѓа позантиот остров Итака кој е одделен од него со природен морски канал во должина од 9 км и широчина од 2 до 5 км, на југ е осторвото Закинтос, а на север веќе познатата Лефкада. Климата на остовото е средоземна со долги и топли лета и благи и дождливи зини. Рељефот е воглавно карактеристичен со брдовит и стрмен предел и со не многу изобилна вегетација. Главна карактеристика се сепак убавите ували и заливи кои образуваат прекрасни и песокливи плажи. Плантажите со маслини, винова лоза, агруми и овошје се најубавите надополнувања на природно убавите предели.

read more