ФУРКА

VILLA FLEGOS (12)
VILLA DINIRA (40)
Hotel "Beladzio" (20)
VILA PALAIS (12)
VILA VASILIS (40)

ХАЛКИДИКИ - КАСАНДРА - ФУРКА

Веројатно за најголемиот број од туристите на Халкидики кои се прошетале долж двете страни на првиот крак, градчето Furka претставува едно од највпечатливите места кои ја дефинираат туристичка понуда на Касандра, со поглед кон заливот Термаикос и Солун. Иако не така експонирана, десната страна на Касандра (гледано кон морето) е сепак прекрасно дело на природата, која смело се поиграла со копното наспроти широчината на големиот залив и отвореното Егејско море. Градчето Фурка, како и многуте туристички места кои се нижат покрај оваа страна од првиот крак, е препознатливо по своите специфични географски карактеристики. Опкружено со пошумените страни на блиските ридови, положено покрај песочните плажи и синото море, ова место оддамна ги освоило своите први туристи. Добрата инфраструктура, организираните и квалитено изградени објекти за сметсување, туристичките содржини... на Фурка и ја дале карактеристиката за едно од најубавите места на десната страна од Касанрда.