VILA VAGIA (24)

Амудиа е мало рибарско место во општината Фанари, областа Епир во Грција. Ова место се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бела песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Ахерон. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор.

Вила Вагиа се наоѓа на почетокот на Амудиа, во мирно опкружување, 50m оддалеченост од плажа. Вилата се состои од студиа за две или три лица и апартмани за 4 лица, опремени со сопствена кујна (опремена со основен прибор за готвење) тераса, тоалет, ТВ, клима со доплата од 6 еур за студио и 7 еур за апартман (на лице место). Студијата се наоѓаат на приземје, од самата соба се излегува на сопствена тераса која гледа кон море. Апартманот се наоѓа на први спрат и гледа кон море, погоден за 4 лица, составен од две спални од кои во едната е француски спален кревет, а во другата со два стандардни кревети и кујна опремена, тоалет, ТВ, Клима.

 

(напомена: првите два и последните два термина се промо цени) 

-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2025

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.03.2025

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.05.2025

 

 


 

 

Доплата за туристичка такса 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз.