- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
ОСТРОВИ
КРФ
Воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња токму во една од најубавите приказни во своето дело "Одисеја", Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата таа раскажува... и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука – на овој остров. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната, наречена Крф? Овој остров е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење од Византијци, Римјани, Млечани, Французи, Руси, Англичани... па се до Италијанци и Германци во поновата историја.