VILA MESKINI

Лето 2027 Полихроно -  Вила Мескини

Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погоднa за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.

Вила Мескини е комплетно реновирана и  се наоѓа на 70м од плажа и на 100м од центарот на Полихроно. ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ : Вилата располага со 8 апартмани, 4 на високо приземје, 3 на прв кат и еден на приземје. Секој апартман комплетно реновиран и е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Апартманите се со една спална соба во која има еден брачен кревет, само во апартман бр 2 во спалната има два единечени кревети, а во кујната има кревет на спуштање на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. И еден апартман бр 4 е со брачен кревет и еден единечен кревет во спална и кревет на спуштање во кујна, на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен.

BLACK FRIDAY 20 % ПОПУСТ ВАЖИ ДО 30.11.2026 
НА ДАДЕНИТЕ ЦЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА ТЕРМИНИТЕ ЈУЛИ И АВГУСТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН, ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ

(минимум уплата од 50%), ОСТАТОКОТ СЕ ДОПЛАЌА 7 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ


ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2 +1 АПП, (ВО 1/3+1 апп ЗА 3ТО И 4ТО ЛЕГЛО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ДОПЛАЌА 60 ЕВРА)
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE
, DINERS или СТОПАНСКА БАНКА КАРТИЧКА

ТЕРМИНИ

 1/2+1АПП

1/3+1 АПП

23.05 - 30.05 

109€

109€

30.05 - 06.06  

129€

129€

06.06 - 13.06  

149€

149€

13.06 - 20.06  

189€

189€

20.06 - 27.06 

239€

239€

27.06 - 04.06 

549 €  439€ 

589 €  471€ 

04.07 - 11.07 

589 €  471€ 

629 €  503€ 

11.07 - 18.07 

619 €  495€ 

649 € 519€  

18.07 - 25.07 

669 €  535€ 

699 €  559€ 

25.07 - 01.08 

669 €  535€ 

699 €  559€ 

01.08 - 08.08  

669 €  535€ 

699 €  559€ 

08.08 - 15.08 

669 €  535€ 

699 €  559€ 

15.08 - 22.08 

619 €  495€ 

649 €  519€

22.08 - 29.08

589 €  471€

629 €  503€

29.08 - 05.09

219 €

219 €

05.09 - 12.09

179€

179€

12.09 - 19.09

159 €

159 €

19.09 - 26.09

129€

129€

26.09 - 03.10

99 €

99 €

*ЦЕНИТЕ  ВО ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ СЕ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ (ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА)

 

*Минимум 2 лица во 1/2+1 апартман

*Во 1/3+1 апартман, за трето легло задолжително се плаќа 60 евра

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Наем на 7 ноќевања/8 дена
  •  Wi fi интернет

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Туристичка такса 2 еур. на ден (се плаќа во објектот)
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Клима уред се доплаќа на лице место во објектот 35 евра за целиот престој
  • Превоз- за возрасен 60 еур / 50 еур во еден правец;  Деца од  2-11.99г. 45eур / 35 еур во еден правец;  Деца до 1.99год.-бесплатно

 

НАПОМЕНА

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано,состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минмум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Во апартманите задолжително се доплаќа 60 евра за 3то и 4то легло
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • 10.  Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

    11.  За резервации направени во периодот на рани резервации со промотивен попуст, уплатените средства(50% од сумата)  не подлежат на поврат во случај на откажување од страна на патникот, согласно условите за патување.

    12.  Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

    13.  Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

    14.  Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

    15.  По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

    16.  Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

    17.  Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

    18.  Фотографиите објавени на веб страницата на туристичка агенција Меридијан се од информативен карактер. Организаторот не гарантира идентичност на секој визуелен детал, освен кога конкретна карактеристика е изречно наведена како договорен елемент на услугата.

    19.  Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

    20.  За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Меридијан;