- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
ЈОНСКИ БРЕГ (+Лефкада) Апартмани
ВРАХОС
Едно од најпопуларните летувалишта на јонскиот брег, кое во последните години доживува вистинска експанзија на туристичкиот пазар, е секако местото Врахос. Долгата плажа покрај светлосиното море, надополнета со благиот рељев карактеристичен по зеленилото и малубројните објекти вметнати низ него, Врахос го издвојуваат особено интересен за бројните вљубеници во морската шир и ситниот песок кој истата го заплиснува со нејзините бранови. Главната улица која се протега покрај долгата плажа, карактеристична е по низата од објекти, вили и мали хотели кои ориентирани со своите балкони и тераси кон морето, побудуваат желба за престој токму во нив. Панорамата која се отвара од секој прозорец и балкон насочени кон ширината на јонското море, е дополнителен атрибут врз почетниот мотив да се престојува токму во ова актуелно летувалиште.