VILA MIHALIS (86)

ЛЕТО 2026 – сопствен закуп

Вила Михалис – Ипсос
Вилата Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, ви-фи интернет, кој е послаб и нема конекција во целата куќа. Студијата располагаат со клима уред кој може да се користи со доплата од 7 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје, прв спрат и втор спрат, од кои сите имаат тераса, освен 4 еко студија кои немаат тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови, тоалетна хартија, фен) се ваша одговорност. Бидејќи станува збор за апартманско сместување, вилата не поседува рецепција, luggage room, ниту надворешен тоалет.

Постојат 3 типа на соби:

*Regular – стандардна соба со реновирана кујна и тоалет на приземје и прв спрат. Собите имаат плазма ТВ со локални телевизиски и радио станици.
*Economy – стандардни соби со класичен тоалет на втор спрат, без телевизор
*Economy без тераса – стандардни соби кои немаат тераса на втор спрат, без телевизор

GPS координати 39.706358636971466, 19.839586015373815

Се што е обележано со црвено е распродадено

7ноќи и превоз Вила Михалис
ТЕРМИН: Тип
соба
Regular FIRST MINUTE Economy FIRST MINUTE Economy
без тераса
FIRST MINUTE
23.05-30.05 1/2 99€ 79€-промо 89€ 69€-промо 79€ 59€-промо
30.05-06.06 1/2 119€ 89€-промо 109€ 79€-промо 99€ 69€-промо
06.06-13.06 1/2 139€ 109€-промо 129€ 99€-промо 119€ 89€-промо
13.06-20.06 1/2 159€ 119€ 149€ 109€-промо 139€ 99€-промо
20.06-27.06 1/2 179€ 139€ 169€ 129€ 159€ 119€
27.06-04.07 1/2 199€ 169€ 189€ 159€ 179€ 149€
04.07-11.07 1/2 249€ 169€ 239€ 159€ 229€ 179€
11.07-18.07 1/2 259€ 199€ 249€ 189€ 219€ 209€
18.07-25.07 1/2 259€ / 249€ 239€ 219€ 209€
25.07-01.08 1/2 259€ / 249€ 199€ 219€ 209€
01.08-08.08 1/2 259€ / 249€ 239€ 219€ 209€
08.08-15.08 1/2 259€ 239€ 249€ 229€ 219€ 209€
15.08-22.08 1/2 259€ 229€ 249€ 219€ 219€ 209€
22.08-29.08 1/2 219€ / 209€ 199€ 199€ 189€
29.08-05.09 1/2 219€ 199€ 209€ 189€ 199€ 179€
05.09-12.09 1/2 189€ 169€ 179€ 159€ 169€ 139€
12.09-19.09 1/2 169€ 149€ 159€ 139€ 149€ 119€
19.09-26.09 1/2 159€ 109€-промо 149€ 99€-промо 139€ 89€-промо
26.09-03.10 1/2 119€ / 109€ / 99€ /

НАПОМЕНИ:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. (Превозот се одвива преку Битола, граничен премин Меџитлија. Можност за попатно собирање на патници од Велес, Дреново, Прилеп и Битола). Можност за превоз и преку Неготино и Гевгелија.
  •  Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
  • Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (500 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
  • Можност за плаќање:Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект.
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
  •  За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
  • За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)

НАПОМЕНА: Вилата нема приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите

  •  Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола).Можност за превоз и преку Гевгелија.
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 20 евра (освен првите две).
  •  Цена само за превоз 80 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
  • Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. 

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 30 евра за траект.

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во определен дел во куќата
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот во сите соби

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ

Туристичката агенција во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди.