• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA ALEX (67)

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.


Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.

Климата е вклучена во цената***

ТерминНоќевања1/3 студио на прв спрат1/3+1 студио на прв спрат1/3+1 приземје
04.06 - 11.06 7 185 195 185
11.06 - 18.06 7 185 195 185
18.06 - 25.06 7 209 219 209
25.06 - 02.07 7 235 245 235
02.07 - 09.07 7 275 285 275
09.07 - 16.07 7 305 315 305
16.07 - 23.07 7 319 329 319
23.07 - 30.07 7 319 329 319
30.07 - 06.08 7 319 329 319
06.08 - 13.08 7 305 315 305
13.08 - 20.08 7 275 285 275
20.08 - 27.08 7 235 245 235
27.08 - 03.09 7 215 225 215
03.09 - 10.09 7 185 195 185
10.09 - 17.09 7 135 145 135
17.09 - 24.09 7 135 145 135
24.09 - 01.10 7 125 135 125

 

 Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.

ВО СТУДИЈАТА ДОЗВОЛЕНО Е СМЕСТУВАЊЕ САМО НА ПАТНИЦИТЕ КОИ ШТО СЕ ВПИШАНИ ВО ВАУЧЕРОТ!!!

 НАПОМЕНИ:

- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Можност за дополнителен кревет во oдредени студија – Бесплатно;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.


ПОПУСТИ:

- За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!


ПЛАЌАЊЕ:

-  Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
-  Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
-  За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

ПРЕВОЗ:


Град на поаѓање
Место на поаѓањеВреме на поаѓање

Велес

Макпетрол кружен тек

22:00

Скопје

Хотел Вип

22:30

Тетово

Макпетрол на излез

23:15

Гостивар

Бунар петрол

24:45

Кичево

Лук Оил бензинска

00:45

Кавадарци

Спроти Сетек (кружен)

22:50

Штип

Пред нова пошта

21:40

Прилеп

Салида

23:50

Битола

Спортска сала

00:30

Ресен

Автобуска

01:00

Охрид

Макпетрол

01:45

Струга

Нептун

02:00

*Пристигнување во ВАЛОНА, САРАНДА И КСАМИЛ секој ПЕТОК
*Поаѓање од МАКЕДОНИЈА ден претходно


Скопје-Валона- 45 €

Скопје-Саранда – 55€
Скопје-Ксамил- 55 €
Деца од 2-11,99год: -10€ од цената на возрасен


Тетово / Гостивар – Валона – 40 €
Тетово / Гостивар – Саранда – 50 €
Тетово / Гостивар – Ксамил – 50 €
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен


Битола / Ресен / Кичево -Валона- 40 €
Битола / Ресен / Кичево -Саранда – 50€
Битола / Ресен / Кичево -Ксамил- 50 €
Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен


Охрид / Струга -Валона- 30 €
Охрид / Струга -Саранда – 40€
Охрид / Струга -Ксамил- 40 €
Деца од 2-11,99год: -10 € од цената на возрасен


Трансфер од Штип и Кавадарци до Битола + 10 еу по патник
Трансфер од Прилеп до Битола + 5 еур по патник
Трансфер од Велес до Скопје + 10 еу по патник


*Патниците треба да бидат на договорено место 15 минути пред поаѓање
*Патниците ќе бидат контактирани ден пред поаѓање
*Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме
*Превозот ги слегува патниците до најблиска локација каде може да се паркира автобус


Патувањето за Албанија се реализира преку граничен премин ЌАФАСАН-Струга и може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или со ПАСОШ !!!
Поаѓање од АЛБАНИЈА кон МАКЕДОНИЈА секој ПЕТОК
Поаѓање од  Ксамил – 13:00 часот / Tirana Bank

Поаѓање од Саранда – 13:30 часот / Hotel Butriniti
Поаѓање од Валона – 16:30 часот / Hotel Primavera