ЗАКИНТОС

Најјужниот од јонските острови, последните години веројатно е еден и од најпосетените грчки острови од страна на македонските туристи. Неговите убавини веќе не се тајна за вљубениците во морето, природата и добрата забава. Надалеку познат по убавите и чисти песочни плажи, идилични и скриени заливи, прекрасни туристички места со богата и разновидна понуда. Долж бреговите се простираат овошни плантажи, виногради и насади под маслинки, кои остовот го карактеризираат како богат со прекрасна флора надополнета со преку 7500 видови на цвекиња. Неговиот рељеф на исток се карактеризира со благи падини, кои се спуштаат кон морето и песочните плажи, а на западната страна завршува со камени и високи карпи надвиснати над морето.