КОСТА БРАВА (Лорет де Мар) со автобус (23)

ШПАНИЈА   Лето 2025  ПАКЕТ АРАНЖМАН СО АВТОБУС                        

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:
12.06.2025
18.06.2025
10.07.2025
24.07.2025
21.08.2025
27.08.2025
02.09.2025
08.09.2025

                        

ПРОГРАМА:

1 ден  СКОПЈЕВЕНЕЦИЈА:

Состанок на групата во 12.00ч.  Поаѓање во 12.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден  ВЕНЕЦИЈАВЕНЕТО Регија:

Пристигнување во утринските часови. Факултативно, со брод се префрлуваме во островската Венеција. Разгледување на градот: плоштадот и црквата Сан Марко, Дуждевата палата, Кулата часовник, мостот на воздишки, мостот Риалто, Каналот Гранде. Прошетка низ тесните и живописни улички со безброј мостови над каналите низ кои пловат легендарните гондоли. Слободно време за индивидуални прошетки.

Со брод се враќаме кон пристаништето Пунта Сабиони од каде со автобус одиме до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

ден  ВЕНЕТО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок. Патувањето продолжува кон Верона. Целодневен престој (9 часа) и прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Шпанија продолжува во вечерните часови. Се патува покрај Пиаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.

4 - 10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок, 6 полу пансиони или 6 полни пансиони, по ваш избор.

За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC, COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, AQUARIUM, PUEBLO ESPANOL, GAME OF TRONS TOUR (GIRONA +FIGUERAS), FLAMENCO SHOW, …

10 ден  ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани* во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење. 

11 ден   АЗУРЕН БРЕГ: Кан - Ница

 Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со   гламурот на Кан.

Кан,  – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по  својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета.

Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.

Ница,  – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како  ‘Belle Epoque”.

Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”,  плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.

Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.

12 ден АЗУРЕН БРЕГЕЗ - МОНАКО:

Појадок.Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.

Продолжуваме кон гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички...Слободно време за индивидуални разгледи. Пешачиме кон Монте Карло покрај пристаништето со луксузни јахти, патеката каде се вози Формула1 и се упатуваме кон центарот на  МОНТЕ КАРЛО  за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина. 

МОНАКО – СКОПЈЕ: Во попладневните/вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.   

13 ден СКОПЈЕПристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Лето ШПАНИЈА 2025     Цени по лице за пакет аранжман во еврa.          

Сопствен закуп










ALEGRIA FENALS MAR 3*

 

 

Јуни 

 

Јули 

                     Август

 

  Септември

 

 

12

18

10

24

21

27

2

8

По лице во 1/2 соба

НП

579

599

649

669

599

599

579

579

1-во дете 2-11 г.

НП

515

535

569

579

529

525

525

525

 * Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 евра / деца 30 евра

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ALEGRIA SUN VILLAGE 4*

 

 

Јуни 

 

Јули 

                     Август

 

  Септември

 

 

12

18

10

24

21

27

2

8

По лице во 1/2 соба

НП

599

619

669

689

629

619

599

599

Трето лице во 1/2+1 соба

НП

529

539

585

589

559

539

539

539

1 , 2  дете 2-11 г.

НП

459

469

499

505

479

469

469

469

 * Доплата за ПОЛУПАНСИОН во Шпанија : 60 евра / деца 30 евра

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 * Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 евра / деца 30 евра

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ALEGRIA MARINER 4*

 

 

Јуни 

 

Јули 

                     Август

 

  Септември

 

 

12

18

10

24

21

27

2

8

По лице во 1/2 соба

НП

619

639

689

699

659

639

629

629

Трето лице во 1/2+1 соба

НП

539

549

589

599

569

549

549

549

1 , 2  дете 2-11 г.

НП

469

479

549

509

489

469

469

469

* ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија 

* Доплата за ПОЛУПАНСИОН во Шпанија  : 60 евра / деца 30 евра

 

 

 

 

 

 

 

 

 

* Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 евра / деца 30 евра

 

 

 

 

 

 

 

 

 

DON JUAN 4*

 

 

Јуни 

 

Јули 

                     Август

 

  Септември

 

 

12

18

10

24

21

27

2

8

По лице во 1/2 соба

НП

599

629

679

699

699

619

599

599

Трето лице во 1/2+1 соба

НП

569

599

655

679

679

585

569

569

1 , 2  дете 2-11 г.

НП

465

475

515

525

525

469

465

465

* ГРАТИС ПОЛУПАНСИОН во Шпанија важи за уплата до 15.Април.2025
* Доплата за ПОЛУПАНСИОН во Шпанија после 15.Април.2025 : 60 евра / деца 30 евра                  
* Доплата за ПОЛН ПАНСИОН во Шпанија: Полупансион + 60 евра / деца 30 евра                  
НП: Ноќевање со појадок

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:                                                                                                        

• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.

  • 6 Ноќевања со појадок/полупансион/полн пансион, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар.  
  • 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница).  
  • 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во регија Венето.

• Сместувањеи услуги во дво/трокреветни соби, според табелата.

• Организација и професионален туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

• Задолжително патничко осигурување: 650 денари ( се плаќа во агенција).

  • Задолжителна целодневна посета на Верона ( 10 €)

• Туристичка такса за хотели  на Азурниот брег и Италија: 7€ (задолжително, се плаќа во агенција).

• Туристичка такса за хотели  Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување).

  • Задолжителен пакет излети Азурниот брег: Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло : 40 €  по лице.

• Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот.

• Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.

 

  • Задолжителниот пакет излети АЗУРЕН БРЕГ и Верона, избор на факултативни излети, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.

 

    ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ И МЕСТА ВО СЕКОЈА СМЕНА !

 

    НАПОМЕНИ:

  •  Задолжителен депозит при пријавување: 10.000 денари.
  •  Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
  •  Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
  • За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица.
  • Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
  • НП – Ноќевање со појадок, ПП - Полупансион – (појадок + вечера), П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера)
  • Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
  • Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
  • * Магичните фонтани последните 2 години не работат поради рестрикција на вода. Дали во 2025 год ќе работат или не , зависи од одлуката на надлежните.
  • Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена.
  • Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Со доплата од 20 евра по лице, може да се одбере број на седиште во автобус. Нема можност за доплата за празно седиште.