ОЛИМПИК БИЧ
VILA OLGA, 9 noki bez prevoz (9)
ЛЕТО 2026
Вила Олга се наоѓа во мирен дел од Олимпик Бич, на околу 200 метри од плажата. Зградата е од понов датум, модерно изградена и добро одржувана, што ја прави еден од подобрите сместувачки капацитети во овој дел од одморалиштето. Во близина има маркети, пекари и ресторани, па затоа локацијата е практична за сите видови патници. Вилата има студија со два и три кревети сместени на приземје, на прв, втор и трет спрат. Сите студија имаат комплетна кујна, бања (TWC), телевизор, фрижидер, како и тераса. Користењето на клима се плаќа дополнително на лице место. Вилата поседува и лифт. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ | ОЛИМПИК БИЧ лето 2026 Грција
| Вила ОЛГА | 30.05. 08.06. | 08.06. 17.06. | 17.06. 26.06. | 26.06. 05.07. | 05.07. 14.07. | 14.07. 23.07. | 23.07. 01.08. | 01.08. 10.08. | 10.08. 19.08. | 19.08. 28.08. | 28.08. 06.09. | 06.09. 15.09. | 15.09. 24.09. |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Број на ноќевања | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 |
| Студио 02 наем | 230 | 260 | 360 | 370 | 420 | 450 | 480 | 520 | 520 | 480 | 390 | 335 | 230 |
| Студио 03 наем | 250 | 280 | 380 | 395 | 455 | 495 | 515 | 565 | 565 | 515 | 420 | 360 | 280 |
- климата се доплаќа на ден по студио/апартман;
