ШАРКОЈ
ХОТЕЛ СОХБЕТ 3* (21)
Шаркој или на турски SARKOY ( грчки Peristatis )- е мало туристичко градче на обалата на Мраморно Море во областа Текирдаг. На само 650 км. од Скопје – Шаркој нуди се за вистински и релаксиран летен одмор. Располога со песочна плажа која е најдолга на турскиот брег 60 км. и на 12то место по должина во целиот свет. Но Шаркој покрај најдолгата песочна плажа и кристално чистото море исто така нуди се за сечиј вкус: параглајдерство, љубителите на вино можаат да уживаат во дегустација на локално вино кое се произведува од локалните лозја, истражувачите можат да уживаат во прошетките и посетата на планинските селца во околинта или во посетата на островите во Мармара регионт како: Островот Авша или Ердек… љубителите на ноќниот живот можат да уживаат во локаните кафичи, дискотеки и таверни – накратко ШАРКОЈ нуди се за сечиј вкус и најважно цените се за СЕЧИЈ ЏЕБ….
СОХБЕТ ХОТЕЛ 3*, се наоѓа во срцето на Шаркој, но сепак на мирна локација- на сама плажа. Располага со 1/2, 1/3, 1/4 соби, комплетно опремени со : клима, мини фрижидер, сопствено купатило, ТВ, WI-FI, балкон.
- 15% ПОПУСТ за уплата до 15.01.2025
- 10% ПОПУСТ за уплата до 01.03.2025
- 7% ПОПУСТ за уплата до 15.04.2025
| ТЕРМИН
|
УСЛУГА | Цена по лице,со превоз |
| 01.07-08.07.2025 | ПП | 369€ |
| 08.07-15.07.2025 | ПП | 369€ |
| 15.07-22.07.2025 | ПП | 369€ |
| 22.07-29.07.2025 | ПП | 369€ |
| 29.07-05.08.2025 | ПП | 369€ |
| 05.08-12.08.2025 | ПП | 369€ |
| 12.08-19.08.2025 | ПП | 369€ |
| 19.08-26.08.2025 | ПП | 369€ |
| 26.08-02.09.2025 | ПП | 369€ |
| 02.09-09.09.2025 | ПП | 359€ |
| 09.09-16.09.2025 | ПП | 349€ |
| 16.09-23.09.2025 | ПП | 349€ |
НАПОМЕНА:
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи на база ПП ( појадок, вечера ) со вклучен превоз
- Лежалки и чадори на плажа – сопствена приватна плажа
- Користење на климата е вклучено во цената
- Chick In – 14.00h, Check Out – 10.00h ( по локално време ).
- Деца до 2 год. БЕСПЛАТНО – не користат седиште
- Деца од 2 – 6 год. – плаќаат само седиште во автобус – 45€
- Деца од 6 – 12 год. – 20% – ПОПУСТ
ВАЖНО:
- Поаѓањето е ден предходно од дадените термини во табелата.
- За сопствен превоз се намалува 35 € од дадените цени во табелата
- За влез во Р.Турција потребно е патните исправи да се со важност минимум 6 месеци пред истекување.
- За патувањето не е потребен сертификат за вакцинација, ниту било каков тест
- Седиштата во автобус ги одредува агенцијата, доколку имате барање за одредено седиште истото се доплаќа 15€ за два правци.
- Доколку направите резервација телефонски истата ќе ви важи 4 часа, доколку поминат 4 часа , а за истата нема потврда за уплата – ќе се смета за откажана.
- За резервација потребна е аконтација од 30% од сумата, целосна доплата 10 дена пред поаѓање.
- Цените се изразени во евра, а уплатата се врши во денарска пртиввредност 1€ = 62 мкд
ИНФОРМАЦИИ ЗА АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ):
Место и време на поаѓање:
Скопје 19:00 h (Автобуска станица Скопје )
Велес 19:30 h (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино 20:00 h (бензиска пумпа, Макпетрол)
Смоквица 20:30 h (бензиска пумпа, РТ петрол)
Гевгелија 21:00 h (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
НАПОМЕНА:
Патувањето за одење се одвива преку Р.Грција, а враќањето преку Р.Бугариja
