СИТОНИЈА (II крак)
НЕОС МАРМАРАС
Neos Marmaras е едно од најпознатите места на вториот крак на Халкидики - Ситонија. Освен амфитеатралната местоположба, главни природни карактеристики на Неос Мармарас се и прекрасното, проѕирно чисто море, како и песочните плажи кои се простираат во непосредната близина на градот и блиските борови шуми. Низата скриени плажи, со кои ионака се карактеризира полуостровот Ситонија, се само дополнителен мотив за избор на овој град како централна локација при летување на овој дел од Халкидики. За оние кои би посакале својот одмор да го поминат исклучиво во неговата околина, освен одличната понуда на градскиот живот со сета потребна инфраструктура, на располагање им се и малите, песочни градски плажи, познатата плажа Парадисос, како и големата градска плажа која се простира југоисточно од центарот на градот, во правец кон надалеку познатиот хотелски ресорт - Порто Карас. Прошетките со туристичките бродчиња од марината на Неос Мармарас, кон блиските туристички дестинации, се всушност целосно оформување на прекрасниот одмор, кој ви го нуди Ситонија.