VILA KOSTAS 9 noki bez prevoz/9

НЕА ФЛОГИТА лето 2026 Грција​ | Халкидики: Сместена на западниот брег на Халкидики, Неа Флогита е едно од најубавите одморалишта на овој полуостров, на само 50 километри од Солун. Нејзината прекрасна плажа, кристално чистото море и гостопримливите домаќини ja прават совршена летна дестинација за сите генерации. Местото комбинира природна убавина, модерни туристички атракции и автентична грчка атмосфера.Неа Флогита е позната по својата широка песочна плажа која го носи престижното Сино знаме, симбол на чистотата и квалитетот на морето. Плажата е совршено опремена со лежалки, чадори и тушеви, а постепеното влегување во морето ја прави идеална за семејства со деца. Во текот на летната сезона, плажата е жива и динамична, со бројни барови и ресторани кои нудат дополнителни опции за релаксација.

Вилата Kostas се наоѓа во централниот дел на Неа Флогита на околу 140 метри од плажата. Вилата поседува студија и апартмани. Кај двокреветните студија еден брачен кревет или два одвоени кревети а кај трокреветните студија, еден брачен кревет и еден единечен. Апартманите се со две простории од кои во едната просторија е и кујната. Кај четирикреветните апартмани во кујнскиот дел има брачен кревет а во другата просторија два единечни кревети. Кај шестокреветниот апартман, во кујнскиот дел има брачен кревет и еден единечен кревет а во другата просторија три единечни кревети. Сите сместувачки единици имаат кујнски дел, тераса, ТВ, купатило и клима вклучена во цената. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.


ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН, БЕЗ ПРЕВОЗ
Вила KOSTAS Неа Флогита30.05. 08.06.08.06. 17.06.17.06. 26.06.26.06. 05.07.05.07. 14.07.14.07. 23.07.23.07. 01.08.01.08. 10.08.10.08. 19.08.19.08. 28.08.28.08. 06.09.06.09. 15.09.15.09 24.09
Број на ноќевања 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9 9
Студио 02 наем спрат 250 295 395 425 480 520 545 595 595 545 445 375 295
Студио 03 наем спрат 275 320 420 455 515 565 585 640 640 585 480 410 320
Апартман 03 наем спрат 275 340 455 480 560 595 630 695 695 630 495 430 340
Апартман 04 наем спрат 295 360 480 520 595 645 675 750 750 675 550 455 360
Апартман 03 наем приземје 275 330 430 470 535 580 595 665 665 595 495 420 330
Апартман 04 наем приземје 290 345 465 495 570 620 645 720 720 645 520 450 345
Апартман 05 наем приземје 310 365 495 535 610 665 695 765 765 695 560 470 365
  • Климата е вклучена во цената
ТУРИСТИЧКА ТАКСА Од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување. Очекуван износ на туристичката такса за 2026 година е 2 евра по студио / апартман на ден.

НАПОМЕНА за НЕА ФЛОГИТА лето 2026 - Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари. За овој аранжман важат oпштите услови за патување