VILA VAIA (15, 93)

Куќа “Vaia” се наоѓа на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со пет апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.Апартманите имаат реновирани и опремени кујни со сите потребни елементи, како и реновирани купатила со туш. Затоплување на водата во цела вила е со сончеви колектори. Сите апартмани се на втор кат освен апартман бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, а некои од нив се со поглед кон улица,  некои кон дворот на вилата или странично кон море. Истите се заштитени со тенди.

 

1. Вонсезонскицени

Термин

Ноќевања

1/4 дуплекс

апартман

(бр. 1)задолжително плаќаат 4

лица

1/2  

апартман

(бр. 2 и 5)

задолжително плаќаат  2 лица

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

задолжително плаќаат 2  лица

26/05-02/06

7

69

99

129

02/06-09/06

7

79

119

149

09/06-16/06

7

109

159

189

16/06-23/06

7

129

189

239

23/06-30/06

7

139

199

249

* цена по лице со вклучен превоз

 

2. Сезонскицени

Термин

Ноќевања

 

1/2 апартман

(бр. 2 и 5)

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

 

1/4 дуплекс апартман

(бр.1)

30/06-07/07

7

469

529

589

07/07-14/07

7

499

559

619

14/07-21/07

7

519

589

659

21/07-28/07

7

519

589

659

28/07-04/08

7

519

589

659

04/08-11/08

7

519

589

659

11/08-18/08

7

519

589

659

18/08-25/08

7

519

589

659

25/08-01/09

7

509

569

639


 * цена за наем на апартман

 

3. Вонсезонскицени

Термин

Ноќевања

1/4 дуплекс

апартман

(бр. 1)задолжително плаќаат 4

лица

1/2

 апартман

(бр. 2 и 5)

задолжително плаќаат  2 лица

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

задолжително плаќаат 2  лица

01/09-08/09

7

129

189

239

08/09-15/09

7

109

179

209

15/09-22/09

7

89

129

159

22/09-29/09

7

69

99

129


* цена по лице со вклучен превоз

 

 

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14:00 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник  има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Oпис на собите:

  • Дуплекс апартман бр. 1 (1/4)  –  прв кат. Апартманот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Апартманот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
  • Апартман број 2 (1/2)  – втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
  • Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
  • Апартман број 4 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.
  • Апартман број 5 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш


Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

Локација

40.399515635908934, 23.880238807953134