VILA TULIS (29)

За резервација е доволно уплата од 50%, остатокот на 7 дена пред поаѓање

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО АПАРТМАН 1/2+1 И ТРИ ЛИЦА ВО 1/3+1; 1/4  и во 1/5 апартман ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ. ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА НА ПРОМО ЦЕНИ

                           

ПРОМО ЦЕНИ СЕПТЕМВРИ
07-14.09-179 ЕВРА ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ
14-21.09-149 ЕВРА ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ

 

21-28.09-109 ЕВРА ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ


АКЦИСКИ ЦЕНИ!! ПОБРЗАЈ И РЕЗЕРВИРАЈ НА 071/451-633

Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.

Вила Тулис  (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот  центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за кошарка и приватна теретана. Одличен избор за семејства. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

Располага со 11 апартмани поделени во две згради.

Во зграда број 1 се наоѓаат:


Апп бр. 8 (ЗА 4 ЛИЦА) - се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и брачен кревет. Лево е тоалетот. Спалната е со брачен кревет, вграден плакар, шминкерница. Оваа соба гледа према двор. 


Апп бр.9 (ЗА 4 ЛИЦА)  - се наоѓа на приземје, одма до апартман бр. 8. Апартманот има соба со брачен кревет, плакар и фрижидер (голем). Десно е тоалетот со стандардна големина. Во кујната која е комплетно опремена има брачен кревет, масичка за ручање, плотна со две грејни тела, електрично ѓезве за кафе,тв и клима. Спалната и кујната се одделени со врата. Апартманот е ист како апартман број 8. 


Дуплекс апп бр.10 (ЗА 5 ЛИЦА) - се наоѓа на први кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, плотна и маса за ручање. Лево се наоѓа тоалетот, а десно има соба со брачен кревет и еден единечен кревет, плакар и тв. Другата соба има брачен кревет и климата. Собата гледа према двор.


Апп бр. 12 (ЗА 3 ЛИЦА)- се наоѓа на неколку скали над приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо и маса за ручање. Лево е тоалетот, а право соба со брачен кревет и еден единечен каде има тв и клима. Оваа соба гледа према паркингот.


Апп бр.13 (ЗА 3 ЛИЦА) -  се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и софа за спиење во кујна (препорачуваме на софата да спие дете). Тоалетот е десно, а право се наоѓа спалната соба со брачен кревет, шминкерница, тв и клима. Оваа соба има поглед према паркинг и има посебен влез позади.

Во зграда број 2 се наоѓаат:


Дуплекс апп бр.1 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на високо приземје(меѓу кат). Веднаш лево е едната спална соба со брачен кревет, голем плакар, шминкерница и овде е климата. Другата спална соба има брачен кревет и еден единечен кревет, со балкон кој е заеднички со кујната, овде има телевизор. Право е тоалетот, а од десна страна пространа кујна опремена со сите елементи, голем фрижидер и масичка за ручање со тераса со мал поглед на море. 

Апп бр.2 (ЗА 4 ЛИЦА) - се наоѓа на први кат. Има спална соба со еден брачен кревет и еден единечен кревет, со вграден плакар. Комплетно опремена кујна со софа на спуштање. Балконот е со поглед на двор.

Апп бр.3 (ЗА 4 ЛИЦА) - се наоѓа на прв кат, за оваа соба има посебен влез и има 9 скали за до првиот кат. Голема кујна со единечен кревет, со плотна и голем фрижидер. Право е тоалетот. Има спална со брачен кревет и софа. Климата и тв се во спалната. Има две тераси, една со поглед кон градина и еден со поглед кон двор. 

Дуплекс апп бр.4 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Едната спална е со брачен кревет, другата е со брачен кревет и еден единечен, а плакарот е во ходникот. Апартманот има целосно опремена кујна и голем фрижидер. Оваа соба има тераса во ге и има поглед према море.


Апп бр.5 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на втори кат. Десно има соба со брачен и еден единечен кревет, со тв и клима. Апартманот има комплетно опремена кујната со софа, плотна и голем фрижидер. Лево е тоалетот. Тераса со поглед на двор. Препорачуваме двајца возрасни и две деца или тројца возрасни и дете.

Апп бр.6 (ЗА 4 ЛИЦА) –  се наоѓа на втори кат. Кога се влегува веднаш е кујната целосно опремена со плотна, голем фрижидер и тука право е плакарчето. Во кујната има единечен кревет за деца до 13 години и софа. Лево е собата со брачен и еден единечен кревет исто за деца до 13 години, тв и клима. Оваа соба има две тераси, една од кујната и една од спалната. Препорачуваме за двајца возрасни и две деца или тројца возрасни и дете.

 

Термините 25.05; 01.06; 08.06; 15.06; 22.06; 07.09; 14.09 и 21.09 се промо цени по лице со вклучен превоз 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
 Wi fi интернет

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа на лице место во објектот
Здравствено и патничко осигурување
Клима уред се доплаќа на лице место во објектот
Превоз- за возрасен 50еур / 40 еур во еден правец  деца од  2-11.99г. 40eур / 30 еур во еден правецдеца до 2год. (без седиште)-Бесплатно

 

 

 

НАПОМЕНА