ИТАЛИЈА

САЛЕРНО-НЕАПОЛ-КАПРИ-СОРЕНТО-АМАЛФИ-ПОСИТАНО-АЛБЕРОБЕЛО (5)

ПРОГРАМА:


21.06.22 Поаѓање на групата во 15.00 часот се патува преку Игуменица за Бари. Поаѓање во 23.оо часот со брод од Игуменица за Бари (Италија).

22.06.22 Пристигнување во Бари во утринските часови,патот продолжува за Салерно, сместување во х.CRISTALLO 3* во Паестум, на 35 км од Салерно, 65 км од Амалфи,95км од Соренто и 95км од Неапол.Попладнето слободно време за капење на песочната плажа, која е уредена со лежалки,чадори,но и слободен дел за сопствени чадори. Ноќевање.

23.06.22 Појадок.Слободно време за капење,сончање.Доцна попладне факултативен излет до древниот град Салерно, бисер на Тиренско море, познат по средновековни улички, паркови, древни аквадукти и песочните плажи..Во Салерно може да се видат:Вердиевиот театар во кој Енрико Карузо ги доживеал своите први успеси,катедралата св.Матеј од 14век, средновековниот аквадукт, Лунгомаре-шеталиштето, трговската улица со дуќани,кафичи, сувенирници,прекрасни палати,пабови,ноќни клубови…Вечерта враќање в хотел.Ноќевање.

24.06.22 Појадок. Факултативен целодневен излет до бисерот на Неапулскиот залив- Капри и Соренто- од каде со брод се оди до Капри-кој е уникатен спој на природна убавина,стара архитектура и гламур.Се слегува на пристаништето Марина Гранде, од каде со локален автобус низ тесен кривулест пат се оди најпрво до Ана Капри (“Ана” –значи “над”) koj e сместен над Капри.Ана Капри е многу шармантно туристичко место, со многу ресторанчиња, продавничиња, сувенирници…Потоа се автобус оди до Капри.За убав поглед се оди 10-ина минути пеш по тесен пат до градините на Царот Августин,од каде има незаборавен поглед на Сорентскиот залив.Во Капри може да се видат:Марина Пикола, 3-те стени (симболот на островот),Пјаца Умберта со камбанаријата и саатот, како и најголемата атракција Грота Азура( плава морска пештера)-која може да се посети со доплата на лице место…Слободно време за прошетка низ старите улици со продавници со  сувенирници и бутици со брендирана роба..или капење на прекрасните плажи на островот.Враќање околу 18.00 ч. од Капри со брод за еден од   најпопуларните туристички центри-Соренто, каде можат да се видат: Катедралата од 15 век,романтичниот плоштад Тасо,црквата Сан Антонио,пешачката улица Корсо Италија со продавници од локални специјалитети-производи…Вечерта околу 22.00 ч. враќање в хотел.Ноќевање

25.06.2022 Појадок. Слободно време за капење,сончање…. Ноќевање.

26.06.22 Појадок. Слободно време за капење,сончање или факултативен излет до бисерите на Италија- Амалфи и Поситано,кои со својата убавина секој туриста го оставаат без здив.Поради благите температури,прекрасните пејсажи,тие се одморалишта уште од времето на Римската империја.Тие се атракција на илјадници туристи од целиот свет,па Амалфискиот брег од 1997 год. е ставен под заштита на УНЕСКО.Тесните кривулести улици,шарени куќи од средниот век, многу познати личности од светскиот џет сет купиле имоти во овие идилични места на Сорентинскиот полуостров.Секако можност за капење на прекрасните плажи во Амалфи и Поситано. Вечерта враќање в хотел.Ноќевање.

27.06.2022 Појадок. Слободно време за капење,сончање…Ноќевање

28.06.22 Појадок. .Факултативен целодневен излет до Помпеа кој заедно со Херкуланиум во 79 год. беа затрупани од ерупцијата на вулканот Везув.Во таа ерупција загинале 16000 луѓе, а последна најголема ерупција на вулканот Везув била во 1944г.,кога загинале 49 луѓе.Карпите на вулканот се стари 25000год.,а при посетата може да се види и самиот кратер.Неапол-третиот град по големина во Италија,сместен на еден од најубавите заливи во Италија,под вулканот Везув,со многу богата историја,архитектура,стил на живот…Познат по пицата,фудбалот,мафијата, а каде ќе се видат: Кралската палата од 16-ти век, црквата Сан Франческо Ди Паола,Театарот Сан Карло,замокот Кастел Нуово-13-ти век во кој се наоѓа Музејот на Неапол,замокот Кастел дел Ово…Поради убавината на градот, позната е изреката “Види го Неапол и умри”.Можност за посета на трговски шопинг центар. Вечерта враќање в хотел. Ноќевање.

29.06.22Појадок.Слободно време за капење до 11ч..Поаѓање за Алберобело заштитено од УНЕСКО-најнеобично градче, како од бајките, од цртаните филмови “Штрумфови”, куќи изградени од варовник-без малтер, т.н. Трули. Продолжување за Бари,посета на црквата Св. Никола каде се наоѓаат моштите на православниот светец.Вечерта поаѓање со брод за Игуменица или Драч,ноќна пловидба со брод.

30.06.22 Пристигнување во Игуменица во утринските часови.Се продолжува за  Македонија, пристигнување во Прилеп во попладневните часови.

 

ЦЕНА: 27700 ден.(449еур)

За уплата и резервација до 29.04.22г. = 24700 ден.( 399 еур)

      Во цената е вклучено:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  • превоз со брод Драч или Игуменица – Бари и назад,на “DECK” со бродска такса
  • сместување во хотел CRISTALLO 3* hotelcristallopaestum.it– 7 ноќевања со појадок
  • посета на Алберобело и црквата св.Никола во Бари,
  • организација и придружник на екскурзијата

     Во цената не е вклучено:  

  • задолжително здравствено патничко осигурување – без франшиза (информации во агенција)
  • туристичка такса 1.5 еур по ноќ (плаќање на рецепција)
  • факултативен излет до Салерно = 5 еур
  • факултативен излет до Помпеа,Везув и Неапол со локален водич -25 еур
  • факултативен излет до Соренто=20еур .Брод за Капри и назад и локален минибус од Капри до Ана Капри и назад=50 еур
  • факултативен излет до Амалфи и Поситано со брод или локален минибус ( еур)
  • влезници за посетите и културно-историските знаменитости
  • доплата за кабина Игуменица-Бари-Игуменица: 30 еур по лице во 1/4 кабина, 40еур во 1/3 и 55еур во 1/2 кабина во 1 правец (плаќање при резервацијата во Т. А.)

Напомена: Краен рок на пријавување  до 15.05.2022 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.