• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

СОКО БАЊА- НИШ- ЛЕСКОВАЦ- С.ПЕЧЕЊЕВЦЕ (5)

03.03.2023 Поаѓање во 05.00 ч од Прилеп преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Ниш – најголемиот град во Јужна Србија каде вреди да се посетат: Нишката Тврдина од 17 век, Череп Кулата соsидана со глави на српските востаници – (952 глави сега останати 58), нацистичкиот логор од II св. војна, казанџиското сокаче – стариот дел на градот од 18 век, споменикот на ослободителите на Ниш…Слободно време во центарот на градот.Продолжување за Соко Бања,сместување во соби и студиjа.Ноќевање.

04.03.23 Ден за доживување на убавините на Соко Бања, позната по рекреативниот и бањски туризам. Слободно време за капење во Бањите во Соко Бања, како и прошетка низ прекрасниот парк во центарот на градот каде се наоѓа Милошевиот конак, турското купатило “Амам“ од XV век…Ноќевање.

05.03.2023 Поаѓање за Македонија, поминувајќи покрај Бованското езеро и Алексинац се оди до с. Печењевце во ресторанот “Томина прича”,тоа е култно место за собирање на љубителите на добрата храна и музика.. Ресторанот е отворен во чест на Тома Здравковиќ, најпознатиот пејач и композитор на народни песни во Ју просторите. Ресторанот е отворен во просториите на поранешната општинска сала во која тогаш пеел Тома , а има “Томин кутак” во ресторанот за одржување “Томини седенки”, при што се свират и пеат песни од Тома Здравковиќ. Ресторанот подсеќа на некогашната кафана “Радан”, во која пеел Тома со Силвана Арменулиќ.Во ресторанот се служат специјалитети кои ги сакал Тома, а тоа се :Томина плескавица од 500гр.,Томина салата ,Томини колачи….Ручекот ќе биди во добро расположение со жива музика,со песни на легендата Тома Здравковиќ.По ручекот се оди до Лесковац, каде има можност за шопинг во трговските шопинг центри:Стоп Шоп и ЛИДЛ. Заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА: 4600 ден. промо цена за резервации до 10.02.2023, редовна цена  5600ден.

 

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевање во Соко Бања, во соби, студија и апартмани – секоја соба со TWC,
  • посета на Ниш и разгледување на знаменитостите на градот
  • организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • патничко здравствено осигурување – без франшиза – 200 ден.до 65г., над 65г.=300ден.
  • факултативна свечена  вечера со музика во  ресторан во Соко Бања -20 еур
  • организиран ручек со музика во ресторан“Томина прича”-с.Печењевце- 12 еур (Томина салата, Томина плескавица(400гр.), Томин колач, 2 пијалоци).
  • доплата за користење базен или спа центар: 5-10еур
  • влезници за културно историските споменици


За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Рок на пријавување до 24.02.2023г.