• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВИ САД (1)

Цена: 89 € / 5.520 ден. 

4 дена / 2 ноќевања

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:


09 октомври (петок) СКОПЈЕ - НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 часот. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

 

10 октомври (сабота) НОВИ САД
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

 

11 октомври (недела) ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ 
Појадок. Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, можност за факултативна - Свечена вечера во ресторан.Ноќевање.

 

12 октомври (понеделник) НОВИ САД –СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивиуални активности....или факултативно заминување во посета на Салаш, кој ќе ве воодушеви со неговит автентичен изглед. Организран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија .Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена: 89 € / 5.520 ден.



Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
  • Организирани разгледи според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањетo

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Организиран ручек во Салаш
  • Факултативна вечера во ресторан 
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици
  • Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги