ДУБАИ

Дубаи не е како ниту еден друг град на планетата. Со својата смела архитектура и врвен стил, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Дубаи не само што ја исполнува својата репутација туку и целосно ќе ги надмине вашите очекувања. Истражете го сјајот и гламурот, а потоа откријте ги древните традиции на овој прекрасен град.

Некогаш мало рибарско село во Арапскиот Залив, Дубаи денес е еден од најкосмополитските градови во светот. Еден од седумте емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати, градот е дом на повеќе од 200 националности и нуди незаборавно искуство за сите посетители. Без разлика дали е покрај брегот на Dubai Creek или на врвот на Burj Kalifa, највисоката зграда во светот, Дубаи живее и дише чувство на можности и иновација. И со неспоредливото крајбрежје, прекрасната пустина и прекрасните градски пејзажи, ова е вистинско место за создавање на спомени.

Од луксузно гостопримство и врвна архитектура до шопинг, култура и природа, откријте што го прави Дубаи најдобар меѓу најдобрите.

 

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања:

28.04.2023 / 699 EUR

19.05.2023 / 599 EUR

08.09.2023 / 749 EUR


 

Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање

Состанок на патниците и организиран трансфер до Аеродромот во Тирана. Попладневен лет од Тирана и пристигнување во Абу Даби во вечерните часови. Трансфер до сместувањето во Дубаи. Авантурата може да започне! 

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи

 

Ден 2: Факултативен излет - Dubai Creek, Dubai Frame, Museum of Future и Kite Beach

Денот го започнуваме со истражување на локалната култура во Al Seef, област на културно наследство и неверојатни погледи на Dubai Creek. Кратка прошетка и можност за закуска во Arabian Tea House. Продолжуваме со прошетка низ Al Fahidi, област со културно наследство со голем дел од оригиналната инфраструктура зачувана и недопрена. Тука ќе ја видиме тврдината и музејот на Дубаи изградена во 1971 година која претставува најстар објект во Дубаи. Од тука со традиционалени чамци (Abra) поминуваме на другата страна на Dubai Creek и имаме прошетка низ традиционалните пазари за зачини и за злато (Spice Souk и Gold Souk). Денот ни продолжува кон Dubai Frame, една од најпознатите атракции во градот. Потоа застануваме да го видиме Museum of Future. Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Исто така застануваме да го видиме Zabeel Palace, резиденција и административно седиште на владејачкото кралско семејство на Дубаи. Продолжуваме кон Kite Beach, една од најпопуларните плажи во Дубаи каде што имаме слободно време за ручек, плажирање и уживање во зајдисонцето. Враќање во сместувањето околу 19:00 часот и можност за прошетка низ Dubai Marina и JBR.

 

Ден 3: Факултативен излет - Modern Dubai Tour

По појадокот имаме слободно време за да уживаме на плажа. Во попладневните часови одиме во Dubai Mall најголемиот шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор, лоциран веднаш до највисоката зграда во светот, Burj Khalifa. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еквивалентна на 200 фудбалски игралишта. Имаме слободно време за шопинг и разгледување. Можност да се искачите на 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Потоа одиме да се восхитуваме на танцувачките фонтани. Ќе бидеме сведоци на највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Имаме слободно време во Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот. Враќање во сместувањето околу 22:00 часот. Слободно време.

 

Ден 4: Факултативен излет - Miracle Gardens, Emirates Mall, Madinat Jumeirah

По појадокот одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Потоа одиме во Emirates Mall каде што ќе видиме скијачки патеки на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа. Се враќаме во сместувањето околу 19:00 часот. Слободно време и можност за посета на Global Village.

 

Ден 5: Факултативен излет - Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера

Претпладневните часови ни се слободни за уживање на плажа или за прошетка. Околу 14:00 часот не собираат со џипови 4x4 и авантурата низ пустината може да започне. За време на возбудливото возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација да гледаме прекрасно зајдисонце. Застануваме да го гледаме зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот камп. Овде имате можност да јавате камила и да го испробате дизајнот на Хена на рака или на нозе. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле), додека уживаме во шоуто со оган и танци околу камперскиот оган на ѕвездената светлина. Враќање во сместувањето околу 22:00 часот. Слободно време.

 

Ден 6: Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque, Abu Dhabi, враќање и крај на патувањето

По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме во посета на Sheikh Zayed Grand Mosque . Sheikh Zayed Џамијата е една од најголемите џамии во светот и огромно архитектонско уметничко дело кое ги спојува различните исламски архитектонски школи. Има 82 куполи, повеќе од 1.000 столбови, позлатени лустери од 24-каратно злато и најголемиот рачно изработен тепих во светот. Лет од Абу Даби до Тирана. Пристигнување во Тирана во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу Даби
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

28.04.2023 / 699 EUR

19.05.2023 / 599 EUR

08.09.2023 / 749 EUR

 

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура)

 

Што е вклучено Сместување

Signature 1 Hotel 5 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи
  • Трансфер од сместувањето во Дубаи до Абу Даби
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје

Храна

5 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Дубаи 95 ЕУР
  • Доплата за дополнителен багаж (10 kg. или 20 kg.)
  • Туристичка такса која изнесува 4.08$ дневно по соба (или 2.04$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.
  • патничко здравствено осигурување

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

 

ДУБАИ - ДНЕВЕН ПАКЕТ ПОСЕТИ

Цена: 55,00 USD

*** ПАКЕТОТ ПОСЕТИ Е БЕСПЛАТЕН ЗА ПРВИТЕ 8 ПРИЈАВИ***

  • Al Seef – Ја истражуваме локалната култура во Al Seef, област на културно наследство и неверојатни погледи на Dubai Creek. Кратка прошетка и можност за закуска во Arabian Tea House.
  • Al Fahidi - Област со културно наследство со голем дел од оригиналната инфраструктура зачувана и недопрена. Тука ќе ја видиме тврдината и музејот на Дубаи изградена во 1971 година која претставува најстар објект во Дубаи!
  • Grand Souk - Со традиционалени чамци (Abra) поминуваме на другата страна на Dubai Creek и имаме прошетка низ традиционалните пазари за зачини и за злато (Spice Souk и Gold Souk).
  • Dubai Frame – Посета на Dubai Frame, една од најпознатите атракции во градот! Правиме фотографии за паметење :) !
  • Museum of Future – Photostop пред Museum of Future! Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Фасцинатна футуристичка глетка! Добредојдовте во иднината!
  • Zabeel Palace - Резиденција и административно седиште на владејачкото кралско семејство на Дубаи
  • Kite Beach – Посета и уживање на една од најпопуларните плажи во Дубаи каде што имаме слободно време за ручек, плажирање и уживање во зајдисонцето!

Времетраење на пакетот: 10 часа

Во цената е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.

 

Modern Dubai Tour

Цена: од 35,00 USD до 40,00 USD

Посета на Dubai Mall најголемиот шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор, лоциран веднаш до највисоката зграда во светот, Burj Khalifa. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еквивалентна на 200 фудбалски игралишта. Имаме слободно време за шопинг и разгледување. Можност да се искачите на 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Потоа одиме да се восхитуваме на танцувачките фонтани. Ќе бидеме сведоци на највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Имаме слободно време во Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот.

Времетраење на излетот: 8 часа

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.

Во цената на излетот не е вклучено: 
- Влезница за Burj Khalifa 124 и 125 кат – 45 УСД по лице

 

Miracle Gardens, Emirates Mall и Madinat Jumeirah

Цена: од 60,00 USD до 65,00 USD

Одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Потоа одиме во Emirates Mall каде што ќе видиме скијачки патеки на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа. 

Времетраење на излетот: 10 часа

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата и влезница за Dubai Miracle Garden.

 

Пустинско џип сафари, јавање камили и традиционална вечера

Цена: 55,00 USD

Излетот започнува попладне низ пустината на Дубаи со неколку постојки за фотографирање. За време на возбудливо возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација да гледаме прекрасно зајдисонце. Застануваме да го гледаме зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот камп. Овде имате можност да јавате камила и да го испробате дизајнот на Хена на рака или на нозе. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле), додека уживаме во шоуто со оган и танци околу камперскиот оган на ѕвездената светлина.

Времетраење на излетот: 7 часа

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз со џип 4x4 по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата, вечера и сите активности предвидени во програмата.

 

Посета на Sheikh Zayed Grand Mosque, Abu Dhabi

*** ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ***

Sheikh Zayed Џамијата е една од најголемите џамии во светот и огромно архитектонско уметничко дело кое ги спојува различните исламски архитектонски школи. Има 82 куполи, повеќе од 1.000 столбови, позлатени лустери од 24-каратно злато и најголемиот рачно изработен тепих во светот. 

 

 

Signature 1 Hotel Tecom се наоѓа во срцето на Barsha Heights, на една од најдобрите локации во Дубаи и може да се пофали со модерен, современ и лежерен дизајн, со што дава концепт на едноставност и топол амбиент.

Хотелот располага со базен, комплетно опремен фитнес центар и велнес спа кои се идеални за релаксација.

Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.signature1hotels.com/

Адреса Al Thanayah Fourth - 1 2 A St - 1st St - Barsha Heights - Dubai - United Arab Emirates