ВИЛА ФАМИЛИЈА (66)


Неи Пори е место, кое сеуште претставува нај урбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пиериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелените појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, kартинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотив за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните.


Вила Фамилија се наоѓоa во новиот дел во Неи Пори. Располага со 10 соби од кои студија 1/2, студија 1/3, дуплекс 1/3+1/2. Вилата се наоѓа 150 м. одалечена од плажа. Wi-fi - бесплатно додека климата е со доплата 5 евра на ден во мај, јуни и септември, а бесплатна во јули и во август.

 

Цени за наем на студио/апартман



термин
ноќи 1/2 студио   1/3 студио   1/3+1/2 дуплекс
05/22/22 7 70 70 120
05/29/22 7 110 120 190
06/05/22 7 150 170 280
06/12/22 7 210 220 360
06/19/22 7 240 260 400
06/26/22 7 250 270 450
07/03/22 7 270 290 490
07/10/22 7 320 340 490
07/17/22 7 320 340 499
07/24/22 7 320 340 499
07/31/22 7 320 340 499
08/07/22 7 320 340 499
08/14/22 7 320 340 499
08/21/22 7 310 330 450
08/28/22 7 260 280 400
09/04/22 7 240 260 340
09/11/22 7 170 190 270
09/18/22 7 100 110 180

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари. Услови под кои важи аранжманот

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 10% попуст на вториот термин
  • Доплата на туристичка такса -0,5€ на студио од ноќ (се плаќа во објектот )
  • Користењето на клима-уред, во јули и август бесплатно / (5 евра на ден) во мај, јуни и септември
  • WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО .

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  •  
    • За возрасни 2.480 мкд. (45 евра)
    • За деца до 12 години 1.860 мкд. (40 евра) 
    • Деца до 2 години бесплатно, без седиште
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. 
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување