VILA CIMBUKAS (12)

Куќа „Цимбукас“ е лоцирана во самиот центар на Ханиоти, на исклучително убава и атрактивна локација, посебно за оние кои сакаат да уживаат во ова монденско летувалиште во ноќните часови. Има паркинг на околу 100 метри од куќата а истата е оддалечена 100-150 метри од плажа. Располага со 4 високо квалитетни студија (полу-апартмани) кои се целосно реновирани (летото 2019г) и естетски модерно уредени. Во првиот дел од студиото има софа на пуштање или два одвоени кревети а во продолжение брачен кревет. Комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет и големи тераси со поглед на шеталиштето во Ханиоти. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.


За следниот термин од 3-10.7 имаме 15% попус


ТерминНоќевања1 и 2 лице3 и 4 лице
22/05-29/05 7 89 40
29/05-05/06 7 109 40
05/06-12/06 7 119 40
12/06-19/06 7 159 40
19/06-26/06 7 189 40
26/06-03/07 7 209 40

*Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за само 2 лица

 

ТерминНоќевања1/4 студио
03/07-10/07 7 420
10/07-17/07 7 455
17/07-24/07 7 490
24/07-31/08 7 490
31/07-07/08 7 490
07/08-14/08 7 490
14/08-21/08 7 490
21/08-28/08 7 455

 

 

ТерминНоќевања1 и 2 лице3 и 4 лице
28/08-04/09 7 209 40
04/09-11/09 7 199 40
11/09-18/09 7 159 40
18/09-25/09 7 119 40
25/09-02/10 7 89 40

 

*Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за само 2 лица

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплатата за трето лице од 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра) За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра) Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 2,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Меридијан Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.