Карневалот во Венеција е еден од најпознатите карневали низ светот и препознатлива карактеристика на градот. Секоја година преку три милиони луѓе се дел од овој настан. Екстравагантни маски и костими ја  надополнуваат атмосферата која ги привлекува луѓето ширум светот.

Маските изработени за венецијанскиот карневал се уникатни. Меѓу најпознатите се оние кои ги претставуваат ликовите од италијанската „Commedia dell'Arte", како и познатите бели маски со долг клун, што всушност го претставуваат докторот кој се бори против чумата. Во Венеција, изработката на маски со години наназад е посебна индустриска гранка, која успешно опстојува.