VILA BELLA GRECIA (2)

Мораитика е модерно туристичко селце кое лежи околу природен залив. Селото е, оддалечено 20км од главниот град Керкира, каде има голем број на ресторани, таверни, барови и продавници за да задоволат сечиј вкус.

 
ВИЛА БЕЛА ГРЕЦИА

Вилата е лоцирана во Мoраитика на околу 7 мин од плажа. Располага со двокреветни и трокреветни студија на прв и на втор спрат. Сите соби имаат балкон, ТВ, клима уред (дополнително се наплаќа), мини кујна (шпорет со грејни тела, фрижидер, комплет прибор) и бања со туш. Вилата има и сопствен базен. Бесплатен интернет на базен.

 

 

• Цените се дадени по лице за 7 или 9 ноќевања со вклучен превоз и карта за траект!

• Смените на 25.05.2019 & 17.09.2019 не подлежат на попуст за рана резервација!

• За сопствен превоз се одбива -25еур од цената по лице;

• Трето лице бесплатно, плаќа само превоз (важи за Вила Бела Грециа);

• Во апартман се наплаќаат три полни суми, четврто лице - бесплатно, плаќа само превоз (важи за четирикреветни соби во Вила Ники и Вила Анестис);

• Цена за превоз: возрасен 75еур, дете од 2-11.99 години 55еур;

• Користење на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, последниот ден се напуштаат во 09:00 часот (локално време);

• Доплата за користење на клима 6 еур на ден (се плаќа на локално);

Поаѓање од Скопје од Автобуска станица, еден ден пред наведените датуми во 22:00 часот;

• Враќање последниот ден во вечерните часови;

 

                                                           
ОПШТИ УСЛОВИ
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини."
• За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување;
•  За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум! За сопствен превоз, попустот се намалува за 5%;
•  Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла т.е исклучиво оние лица кои се впишани на ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување повеќе лица од дозволеното, агенцијата или партнерот на истата има право да не ги смести лицата или да побара одреден финансиски надомест;
•  За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости;
•  Сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците. Сопствениците на вилите имаат право да побараат одреден паричен надомест за причинетата штета. При сместување ЗАДОЛЖИТЕЛНА проверка на состојбата на собите!
• ПОПУСТОТ НЕ СЕ КОМБИНИРА СО СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА (цени означени со црвена боја)!
•  Агенцијата организира превоз со придружник - пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување/паркирање на автобусот;
•  Агенцијата/претставникот не се задолжени за транспорт на багажот на патниците од автобус - сместувачки капацитет;
•  Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на брзина на интернет во било кој од наведените сместувачки капацитети во понудата;
• Доплата на туристичка такса во сместувачките капацитети (0.5 - 3 еур по соба на ден)
• Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute! Претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на било какви промени во цената;
•  За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А.Меридијан, побарајте ги во агенцијата;
•  Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур =61.8 мкд.)
                                                                                                
ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
• Состанок на групата 30 минути пред поаѓање на Главна Автобуска станица Скопје (перон 1 или 2)"
• Патување за наведената дестинација преку Граничен премин Богородица (Гевгелија) или Граничен премин Меџитлија (Битола) за островот Крф
• Пристигнување и сместување во одбраните капацитети
• Денови на престој (7 или 9)
• Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред)
• Поаѓање кон Македонија во попладневните часови
• Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје