• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Истанбул - 3НП (23)

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

 

ТЕРМИН: 07 Oктомври

1 ден 07.12.2022  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ  

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч.Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица  и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.   

 

2 ден 08.12.2022 ИСТАНБУЛ 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  

 

Започнува магијата... Истанбул од 1001 ноќ...

 

 

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар...

ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

 

 Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.

 

БАЛАТ / ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА/ кулата САФИР / ТАКСИМ:  

Волшебно попладне: Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

САФИР – облакодер: Ве водиме до највисоката зграда во Европа, 236 м. Експресниот лифт ве искачува до  прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед: Истанбул на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул и културно историските споменици, неверојатно доживување.

Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 09.12.2022  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

 

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влезете во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел. 

Ноќевање.

 

4 ден 10.10.2022  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  Ден предвиден за релаксиран целодневен излет

АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.

Чамлиџа џамија - Посета на најголемиот муслимански храм во Истанбул - џамијата Чамлиџа. Џамијата е дело на архитектите  Бахар Мизрак и Хајрије Ѓул Тоту, а нејзината изградба чинела 60 мил. евра. Ова е мегапроект на турската влада како сведоштво за силата на стопанството и белег на владеењето на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Кадикој - Прошетката ја продолжуваме до квартот Кадикој,  шаренолик крајбрежен кварт преполн со продавници, кафулиња, пекари, театри за изведувачки уметности и раздвижен ноќен живот долж улицата Велвет каде ќе имате слободно време да се прошетате низ овие прекрасни улички.

Продолжуваме по Авенијата Багдад (Bağdat Caddesi),  една од најважните улици на анадолската страна на Истанбул.  Се протега приближно 14 км. од Малтепе на исток до Кадикој на запад, речиси паралелно со крајбрежјето на Мраморното Море. Најважниот дел од улицата се протега на 6 километри од Бостанџи до Кизилтопрак во областа Кадикој. Авенијата Багдат е  пандан на авенијата Истиклал на европската страна на градот во однос на нејзината важност и гламур, иако ѝ недостига убавото наследство на историски градби што се наоѓаат на авенијата Истиклал со речиси целата нејзина модерна архитектура.

Авенијата Багдат главно минува низ станбени области од средна и висока класа. Еднонасочна улица за сообраќај, обложена е со стари чинари и опкружена со трговски центри, бутици и елегантни продавници кои нудат светски познати брендови, ресторани кои служат интернационална и локална кујна, пабови и кафулиња...  Повеќето продавници се отворени седум дена во неделата, вклучително и во недела попладне

 

WATERGARDEN SQUARE MALL : Продолжуваме кон  најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

Еден нов стил на градба концентриран околу прекрасниот  базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина... Во склопот на трговскиот центар се наоѓа огромен Аквариум со над 10.000 морски суштетства и тигар-ајкули.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Ноќевање.

 

 

WATERGARDEN SQUARE MALL : Продолжуваме кон  најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

Еден нов стил на градба концентриран околу прекрасниот  базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина... Во склопот на трговскиот центар се наоѓа огромен Аквариум со над 10.000 морски суштетства и тигар-ајкули.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Ноќевање.

 

5 ден 11.10.2022  ИСТАНБУЛ  

Појадок.  По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

 

ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.

 

 6 ден 12.10.2022  СКОПЈЕ

 

 Пристигнување во Скопје  во раните утрински часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 129€ / 8.000 ден


 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:   

  • Превоз со високотуристички автобус
  • на релација Скопје – Истанбул - Скопје
  • Сместување во хотел 3*  / 3 НП
  • Капали чаршија
  • Посета на Форум, Декатлон, Икеа
  • Професионален туристички пратител на групата
  • Професионален  локален туристички водич

 

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативни излети:
  • Задолжителен Панорамски разглед на европски Истанбул – 10
  • Крстарење по Босфор – 20
  • Азиски Истанбул – 25
  • Пјер Лоти и Златен Рог: – 10
  • Крстарење кон Принцеските острови – 30
  •  
  • ЕВРОПСКИ ПАКЕТ: Балат + Сафир + Таксим: 40 ( со вклучени влезници )

       АЗИСКИ ПАКЕТ: Азиски Истанбул + Крстарење Принцески : 50

ИСТАНБУЛ FULL: Европски пакет + Азиски пакет + Пјер Лоти + панорамски разглед: 125

  • Долма Бахче сарајот со локален водич   (Резиденционален дел вклучена влезница) – 30
  • Топ Капи палата   (без Харемски дел) – 30
  • Туристичка такса 3 за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција )
  • Патничко осигурување 250 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд

 

 


НАПОМЕНА:

 

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште по желба (освен првиот ред), се доплаќа 10 евра (по седиште).
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници