Caves Beach Resort 5* (22)

 

ОПИС НА ХОТЕЛОТ
Сместен е околу 10 км северно од Хургада, околу 15 км од аеродромот и околу 12 км од центарот на Хургада.

Општи информации
Ресортот е дизајниран во уникатен и убав пештерски стил, според моделот на познатите Flinstones. Хотелот е отворен во 2015 година и има 385 единици распоредени во четирикатната зграда, од кои 250 се стандардни соби (пештери) со поглед на градина, базен или море.
Хотелот е наменет само за возрасни (16 +).
Плажа
Песочната плажа е убаво уредена и гостите на хотелот може без доплата да користат крпи, лежалки и чадори. Еден помал дел од плажата е со корален гребен, а поголемиот дел од пливачката зона е плитка вода и препорачуваме употреба на обувки за пливање.
Сместување
Сите соби имаат уникатен дизајн на пространа, модерна пештера.
Сите соби имаат климатизација, балкон или тераса, сеф, греач за вода, телевизор со сателитски канали, фен. Standard caves имаат површина од околу 40 m²,  deluxe caves се со површина од околу 50 m², royal caves имаат површина од околу 60 m².

Се доплаќа: мини бар, услуга во соба и интернет (освен во royal caves).
Храна и пијалок
Услугата во хотелот е all inclusive - појадок, ужина, ручек, ужина, сладолед, вечера и доцна вечера (самопослужување - голем избор на јадења, според правила на хотелот), сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Се доплаќа: увозни пијалаци, свежо исцедено сокови, арапско кафе, наргиле и сè што не е споменато.

Хотелот има право да ги промени деталите на услугата, во зависност од сезоната (времето, содржината ...).

Други содржини
Од другите содржини и активности хотелот нуди 3 отворени базени, од кои еден е загреан, одбојка на плажа, аеробик, пинг-понг, билијард, анимациони програми, тенис, сквош, водени спортови на плажа.
Се доплаќа: Спа центар , брз интернет, наргиле, тениски игралишта, спортови на вода, нуркачки центар, аква центар, сквош игралишта, лекарски услуги , перење и пеглање.

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано.
Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно).
Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.


ПРОМОТИВНИ ПАКЕТ ЦЕНИ

Цени со вклучен попуст до 29.02 и 50% уплата до 05.03

Caves Beach Resort 5* 27.05.20 03.06.20 10.06.20 17.06.20 24.06.20 01.07.20 08.07.20 15.07.20 22.07.20 29.07.20 05.08.20 12.08.20 19.08.20 26.08.20 02.09.20 09.09.20 16.09.20
Dbl  Stanard Sea View 467 467 467 467 467 467 467 467 467 501 507 507 507 491 487 487 487
2 adl 934 934 934 934 934 934 934 934 934 1001 1015 1015 1015 981 975 975 975
Dbl Deluxe Sea View 475 475 475 475 475 475 475 475 475 509 516 516 516 499 495 495 495
2 adl 950 950 950 950 950 950 950 950 950 1018 1031 1031 1031 997 991 991 991
DBL Standard Pool View 455 455 455 455 455 455 455 455 455 489 495 495 495 479 475 475 475
2 adl 910 910 910 910 910 910 910 910 910 977 991 991 991 957 950 950 950
Sgl Deluxe Sea View 564 564 564 564 564 564 564 564 564 614 624 624 624 601 596 596 596
Sgl Stanard Sea View 552 552 552 552 552 552 552 552 552 602 612 612 612 589 584 584 842
SGL Standard Pool View 536 536 536 536 536 536 536 536 536 586 596 596 596 573 568 568 568
TRL Deluxe Sea View 467 467 467 467 467 467 467 467 467 501 507 507 507 491 487 487 1411
3 adl 1401 1401 1401 1401 1401 1401 1401 1401 1401 1502 1522 1522 1522 1472 1462 1462 4233
TRL Stanard Sea View 459 459 459 459 459 459 459 459 459 493 499 499 499 483 479 479 1264
3 adl 1377 1377 1377 1377 1377 1377 1377 1377 1377 1478 1498 1498 1498 1448 1438 1438 3791
TRL Standard Pool View 447 447 447 447 447 447 447 447 447 481 487 487 487 470 467 467 467
3 adl 1341 1341 1341 1341 1341 1341 1341 1341 1341 1442 1462 1462 1462 1411 1401 1401 1401

 

Редовен ценовник за сезона

Caves Beach Resort 5* 27.05.20 03.06.20 10.06.20 17.06.20 24.06.20 01.07.20 08.07.20 15.07.20 22.07.20 29.07.20 05.08.20 12.08.20 19.08.20 26.08.20 02.09.20 09.09.20 16.09.20
Dbl  Stanard Sea View 561 561 561 561 561 561 561 561 561 612 623 623 623 597 592 592 592
2 adl 1121 1121 1121 1121 1121 1121 1121 1121 1121 1225 1245 1245 1245 1194 1183 1183 1183
Dbl Deluxe Sea View 573 573 573 573 573 573 573 573 573 625 635 635 635 609 604 604 604
2 adl 1146 1146 1146 1146 1146 1146 1146 1146 1146 1249 1270 1270 1270 1218 1208 1208 1208
DBL Standard Pool View 542 542 542 542 542 542 542 542 542 594 604 604 604 578 573 573 573
2 adl 1084 1084 1084 1084 1084 1084 1084 1084 1084 1187 1208 1208 1208 1156 1146 1146 1146
Sgl Deluxe Sea View 710 710 710 710 710 710 710 710 710 787 803 803 803 766 759 759 759
Sgl Stanard Sea View 691 691 691 691 691 691 691 691 691 769 784 784 784 748 741 741 1296
SGL Standard Pool View 666 666 666 666 666 666 666 666 666 744 759 759 759 723 716 716 716
TRL Deluxe Sea View 561 561 561 561 561 561 561 561 561 612 623 623 623 597 592 592 2171
3 adl 1682 1682 1682 1682 1682 1682 1682 1682 1682 1837 1868 1868 1868 1790 1775 1775 6512
TRL Stanard Sea View 548 548 548 548 548 548 548 548 548 600 610 610 610 584 579 579 1944
3 adl 1644 1644 1644 1644 1644 1644 1644 1644 1644 1800 1831 1831 1831 1753 1737 1737 5832
TRL Standard Pool View 529 529 529 529 529 529 529 529 529 581 592 592 592 566 561 561 561
3 adl 1588 1588 1588 1588 1588 1588 1588 1588 1588 1744 1775 1775 1775 1697 1682 1682 1682


Цените се дадени по соба и истите вклучуваат:

6 ноќевања на улусга All inclusive

Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Хургада - Скопје (директен лет)

Аеродромски такси во висина од 80 еур по лице (25 еур за деца до 1.99 г)

Дозволени 20 кг чекиран багаж по лице

Трансфер  аеродром - хотел - аеродром

Организација на аранжманот


Цената не вклучува:

Египетска влезна виза - за патници со македонски пасоши се добива на аеродром при пристигнување во Хургада.

Потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на Вашиот престој во Хургада и хотелска резервација.

Цената на визата е 26$ и истата се плаќа при резервација

Пансионски услуги во хотелот после одјавување на собите

Патничко осигурување

Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци

Сите цени се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 7 дена - 6 ноќевања
1 ден | Скопје - Хургада
Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на агенцијата, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот). Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање
2 - 6 ден | Хургада
Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на агенцијата.
Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)
7 ден | Хургада - Скопје
Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови. Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА
За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.
После уплатата барањето се процесира и потрврда од хотелот се добива 24 до 48 работни часа.
Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот. Целосната доплата на аранжманот е до 14 дена пред денот на поаѓање.
Резервациите кои се прават по Eearly booking или друг тип на попуст подлежат на друг тип на плаќање кој е наведен на секој хотел /понуда при правење на резервацијата.
Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
Не придржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.
ОПШТИ НАПОМЕНИ и ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното време на полетување. Сите времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат.
Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. 
Визи - патниците кои не се македонски државјани се должни сами да се информираат за визниот режим за Египет / Хургада.
На чартер летот за Хургада е дозволен еден багаж од 20кг по лице (платежен авио билет). Во случај на надминување на дозволените килограми за багаж организаторот нема одговорност доколку авио компанијата одлучи да му наплати на патникот за надминатите килограми.
Во рачен багаж не е дозволено да се носат остри предмети и течности кои надминуваат 50ml, гелови, спреј или пена.
ИЗГУБЕН БАГАЖ: Ако вашиот багаж е изгубен или оштетен, по пристигнувањето на аеродромот, информирајте го агентот на авио компанијата и локалниот претставник на партнер агенцијата на аеродром за да Ви помогнат да ги пополните потребните формулари. За обештетување во случај на оштетен или целосно изгубен багаж е надлежна авио компанијата.
ТРАНСФЕРИ ОД / ДО АЕРОДРОМ: по пристигнување на аеродромот претставник на партнер агенцијата ќе ве пречека и ќе ве упати до автобусот (минибус, такси) за превоз до резервираниот хотел. Обврска на патникот е да се грижи за својот багаж да биде внесен во превозното срество за трансфер.
Времето на враќање од хоте ќе биде навремено истакнато во Вашиот хотел. Ако оваа информација не е истакната Ве молиме да го контактирате претставникот на локалната партнер агенција. Ве молиме да бидете на рецепција во хотел 15 минути пред закажаното време за трансфер. Пред тоа треба да го предадете клучот од собата и доколку имате клуч од сеф, проверете ги патните документи и платете ги вашите сметки.
ЦЕНА ЗА ДЕЦА: Цената за деца е валидна само при сместување со две полноплатежни лица.
• Дете до 2 години. Бесплатно. Детето на оваа возраст нема седиште во авион или кревет во хотел.
• Детето кое има бесплатно сместување плаќа само износот на авионската карта и трансфер и има седиште во авионот, трансферот, но е можно да нема сопствен кревет.
• Детето кое има попуст ги има сите услуги од програмата, но наместо редовно легло има дополнително легло.
ЗАБЕЛЕШКА: При правењето на резервација задолжително е да се наведе датумот на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.
Патниците не можат да бараат намалување на цената за оброк што не можат да го искористат во случај на рани утрински или доцни вечерни летови, како и за неискористени оброци при пријавување на екскурзии. На рецепција во хотел може да е информирате дали постои можност да ви бидат подготвени ланч пакети во денови кога ќе бидете на екскурзија.
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност.
Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.  Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.
Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот во Вашата соба. 
Сместување во хотел: За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот од локалната партнер агенција. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.   Ако сакате да ја задржите собата подолго потребно е да се информирате на рецепција дали постои таква можност и исто така плаќањето за оваа услуга се прави дирекно во хотел.
All inclusive - Се вклучено: Ве молиме во агенцијата да побарате информации за деталниот концепт на услугата се вклучено на Вашиот избран хотел.
Постои можност  некои од содржините на хотелот во одреден момент да не се функционални поради објективни причини за што организаторот на патувањето нема одговорност. Во хотелите кои служат храна на принцип шведска маса постои можност поради недовоен број гости, услугата да се врши на основа на мени, кое не се смета за промена на аранжманот.
КЛИМА УРЕД: Функционирањето на клима уредот во хотелот зависи од сезоната и од деловната политика на хотелот. 
ПАТНИ ДОКУМЕНТИ: Авионските билети, ваучерите и информативно писмо ќе Ви бидат дадени на аеродром (2 часа пред полеување) од страна на аеродромскиот претставник на агенцијата. По превземањето на билетите мора да наравите чекирање на шалтерот на авио превозникот, предавање на багаж и пасошка контрола.
Планирајте го времето за патување до аеродром, поради можни сообраќајни метежи, работи на пат и слични. Агенцијата нема да биде одговорна доколку патникот не стигнал навреме на аеродром за да се пријави на летот. Во овој случај се применуваат правилата за отказ на ОПШТИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ - како да сте се откажале од патувањето на самиот ден на патување при што пеналите се 100%.
Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и други документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 6 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.
Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.
ПРЕДСТАВНИК ОД ЛОКАЛНАТА ПАРТНЕР АГЕНЦИЈА: Представниците зборуваат на англиски јазик и тие се должни да ги пречекаат и испратат патниците во Хургада и да ги посетат во одредени денови за давање на дополнителни информации за факултативни излети или евентуална помош која им е потрена на патниците (усугите на претставникот не подразбираат целодневно или секојдневно доаѓање во Вашиот хотел).
Во случај на несоодветно сместување или било каков друг проблем Ве молиме да го известите представникот на првиот инфо состанок или по телефон веднаш по настанувањето на проблемот. Напоменуваме дека поплаки за кои агенцијата ќе дознае последниот ден од престојот или после враќање од патувањето нема да бидат разглдувани.
Ве молиме во случај на било каква инцидентна ситуација (кражба, сообраќајна несреќа и слично) да се обратите до надлежните органи во Хургада. Организаторот на патувањето со својата партнер агенција единствено може да Ви помогне како посредник помеѓу Вас и надлежните органи.
ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Пријавувањето и плаќањето на истите се врши на лице место.
ОСТАНАТИ ЗАБЕЛЕШКИ
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети. 
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата. 
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето. 
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.