• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Солун – ЛУТРАКИ – Воден (5)

ЛУТРАКИ е мало туристичко место.Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски.Овде посетителот може да ги  комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето,посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).Температурата на водата е од 37-38 целзиусови степени.Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума,ишијас,бронхит,нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми,како и циркулативни и респираторни нарушувања.

 

03.03.2023 Поаѓање во 05.30 часот од Прилеп, се патува преку Кавадарци,Гевгелија,после граничните и царински формалности пристигнување во Солун. Кратка обиколка на центарот на градот по улицата Виа Игнациа, Белата Кула, плоштадот Аристотелос… Слободно време, со можност за уживање – возење со брод кафич низ Солунскиот залив со убав панорамски поглед на Солун од море. Бродот претворен во кафич на вода поаѓа од пристаништето од кај Белата кула и ве води на 40 мин. пловење со вклучен 1 пијалок и добра забава со музика. Посета на трговскиот шопинг центар “ ONE Salonica Outlet Mall “ и ЛИДЛ. Продолжување за Лутраки, сместување во студиа и апартмани. Ноќевање.

04.03.2023 год. Ден за идивидуални активности низ Лутраки, посета на пештерата како и  можност за капење во бањите во Лутраки. Вечерта факултативна  вечера со музика во национален ресторан -Таверна Калофагас. Ноќевање.

05.03.2023 Слободно предпладне во Лутраки и можност за капење во бањите до 12.00 часот. Потоа во 14.00 поаѓање за Македонија со попатна посета на градот Воден и водопадите. Продолжување за  Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

 

ЦЕНА: 4200 ден. промо цена за резервации до 10.02.2023, редовна цена 4900ден.

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:                     

  • превоз со туристички автобус на наведената релација
  • сместување во студиа и апартмани-2 ноќевање
  • посета на Солун и водопадите во Воден
  • организација и придружник на патувањето

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • здравствено патничко осигурување-180 ден до 65год., над 65г.=300ден. (задолжително)
  • Факултативно-свечена вечера во Таверна со музика-(25 еур)
  • Факултативно -возење со брод со вклучен 1 пијалок (сок,пиво,кафе)-5 еур

 

Напомена: Рок на пријавување до 28.02.2023 година.