• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ПОЛИХРОНО

VILA FANIS (17)

 

Vila Fanis  според многумина е најубава вила во Полихроно, а можеби и на целиот полуостров Халкидики. Се наоѓа на самиот морски брег и има голем двор со преубав тревник каде е сместен базенот за возрасни и деца. Дел од сместувачките капацитети се реновирани во 2017 година. Во понудата има триесет и една сместувачка единица: трокреветни студија, трокреветни со помошен кревет и четиркреветни апартмани. Сите студија и апартмани имаат кујна (фрижидер, мини електричен шпорет без рерна, садови), телефон, фен за коса, LCD TV, WiFi ( со слаб сигнал), клима вклучена во цената ( четирикреветните апартмани имаат по две клими). Апартманите се многу пространи и функционални. Објектот многу години се наоѓал во понудата на англиски туроператори и е прилагоден на европски стандарди. Чистењето во собите е секојдневно, додека постелнината и крпите се менуваат на 5 дена. Вилата има рецепција и snack bar покрај базенот, додека во спуштениот дел во приземјето на хотелот има TV сала и сала за заедничко другарување. Над вилата има простор за паркирање автомобили. 


 


 

 

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз  Во студијата и апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети    Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време При сместувањето влегувате во чисти соби , но за време на престојот сами се грижите за одржувањето на хигиената.По завршувањето на вашето летување, должни сте да го оставите студиото или апартманотво пристојна (чиста) состојба. Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апратманот ја надоместува штетата на сопственикотна вилата на лице место. Организаторот на патувањето го зарджува правото по пат на LAST MINUTE понуда да ги објави и продаде останатите слободни капацитетеи во одредена вила по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле својот аранжман немаат право на надомест на средства но има разлика во цена. Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!

 

Легенда:

1/2 стд – двокреветно студио

1/3 стд ПП – трокреветно студио чија тераса има поглед позади

1/3+1 стд ПП – трокреветно студио со помошен метален кревет чија тераса има поглед позади

1/3 стд – трокреветно студио

1/3 стд SV – трокреветно студио чија тераса има поглед на море

1/2+2 стд SV – двокреветно студио со 2 помошни метални кревети со тераса со поглед на море

1/4 апп ПП – четирикреветен апартман со тераса со поглед позади

1/4 апп – четирикреветен апартман