СКИЈАТОС HOTEL ESPEROS (74)

 

Со поглед на живописниот залив Трулос, хотелот Есперос нуди одлични студиа со балкони за одлична рекалсација. На само 500 метри од прекрасна празна песочна плажа „FLUVIA“ опколена со борова шума и заведена од шумовите на брановите на чистото море, Есперос е иделално место за оние коишто бараат мирен одмор. Студиата во хотел Есперос располагаат со мину кујна која има фрижидер, посебно купатило со тоалет, телевизор и клима и балкони коишто имаат поглед кон борова шума, а дел од нив и кон морето. Сите соби располагаат со клима уред и телевизор. Гостите во Есперос може да приготвуваат свои оброци или да нарачат ужина од барот и да уживаат на балконот или во дворот на хотелот. Непосредно пред самиот хотел се наоѓаат и ресторани со традиционална храна и продавници. Хотелот се наоѓа до автобуска станица која може да се крористи за посета на Кукунариес или Банана Бич. А исто така може да се посети и градот Скијатос.
На само 9 минути пеш од хотелот, се наоѓа една од најпознатите плажи „Трулос“ која дефинитивно ќе биде вашиот вистински избор каде би го поминале одморот на Скијатос.
Есперос располага и со паркинг простор за патниците коишто ќе патуваат со сопствен превоз, а кој е бесплатен. Исто така, бесплатен е и безжичниот интернет. Од пристаниште до хотелот е обезбеден транспорт.

 

Попусти од 25 – 40е до 29.02.2020

 

 

 

Важно

CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00


Почитувани патници. Скијато е остров кадешто секој живее уникатно и со стил.

Скијатос е остров со преубави пејсажи и спокој.

Нашата агенција се одлучи за островот поради самиот дух кој го има.

Затоа сакаме да ве информираме дека не станува збор за класично летување, туку дека Скијатос заслужува да биде истражуван.

Ако се навратиме на тоа дека на волку мал остров се наоѓа еден од доста фреквентните аеродроми преку лете во Грција, ќе заклучиме дека остовот вреди милиони.

Нашата вила Ангела којашто се наоѓа во срцето на градчето Скијатос, а каде ќе го почуствувате духот на островот е вила до која се пристигнува пеш со куферите од самиот траект, додека пак до хотел Есперос се ортанизира транспорт со автобус.


Белешки:
* Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
* Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
* Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
* Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

 

 

Што е вклучено во цената
7 ноќевања – 8 дена на СкијатосАвтобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос
Цените се изразени по лице за 7 ноќевањаЗа сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата
За сопствен превоз се одземаат 25 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Скијатос

Што не е вклучено во цената
Дополнителeлни 25€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос-Волос во самиот автобус
Патничко осигурување (без франшиза) (ЗАДОЛЖИТЕЛНО, се прави во агенцијата)
Факултативни излети
Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилитеСедиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплатаДоколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице