VILA EFI (1)

Вилата EFI е лоцирана на околу 100 м. од центарот на Калитеа и е во непосредна близина на месната црква. Вилата е оддалечена на 450 метри од песочната плажа, движејќи се низ централната улица низ Калитеа. Опремена е со четирикреветни апартмани, сите со по два кревети во дневната соба и по два кревети во спалната соба. Сите апартмани располагаат со сопствена кујна, тоалет, балкон, ТВ и клима уред. Вилата има и Wi-FI интернет.



 
* Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 ноќевања (без превоз)
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Употребата на клима уред е бесплатна во објектoт EFI (каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
 преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  35 EUR (20 EUR за дете 02 до 12 год.) 
Термини за автобуски превоз до КАСАНДРА (според табелата):
Места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  04:00 ч.  (паркинг спроти хотеl Holiday Inn")
- Велес, во  04:30 ч.   (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  05:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  05:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  06:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција: 
- Истите денови попладне

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
 Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2021 година, или до објава на нов ценовкик.
* Цените со попуст, важат за резервации со минимум 50% уплата од износот во периодот на попуст, и тоа:
 При резервација на аранжман е потребна уплата од минимум 2.000 мкд.
 Останатиот дел од износот (до 50% од цената на аранжманот), треба да се доплати најдоцна до 31.март 2021 година. 
 Доплатата на вкупниот износ од договорената цена на аранжманот, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
 Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
 за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !