VILA ALEKSANDROS (74)

Вила АЛЕКСАНДРОС

Вила Александрос се наоѓа на островот Крф, во излетничкото место Ипсос. Сместена на 400 метри од плажата каде што се наоѓа AБ МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со 2, 3, и 4 креветни студиа. Сите соби се опремени со мини кујна, фрижидер, тоалет и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор. Сите студиа се распоредени на ниско приземје и прв кат, Дрвена двокреветна куќичка која што е во истиот двор, Анекс со 2 и 3 кревета и еден четирикреветен мезонет.

Во објектот нема лифт.

 

 

ПЛАН И ПРОГРАМА

ПРВ ДЕН – ПОАЃАЊЕ

Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот, односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос. Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.

ВТОР ДО СЕДМИ ДЕН (ПРЕСТОЈ)

По пристигнувањето и сместувањето, нашиот локален водич ќе одржи инфо состанок, на кој што ќе ги добиете сите потребни информации во врска со Вашиот престој на островот, за самото летувалиште Ипсос, и секако програмата со факултативни излети кои ќе можете да ги одберете во овие 7 дена.

ОСМИ ДЕН (ВРАЌАЊЕ)

Одјавување од собите до 09:00 часот локално време, и слободно време за прошетка и користење на плажа до договореното поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

Важно

Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона

  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени
  •  При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
    CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај во 4 креветно студио или апартман плаќа 50% од редовната цена доколку има минимум уплата од 3 цели суми. Доколку во 4 креветно студио или апартман се сместени само 2 возрасни лица, за прво дете се наплаќа 3 цела сума, за второ дете 50% од редовната цена на аранжманот.
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)