VILA NATASHA 2 (15)

Вила Наташа се наоѓа во близина на центарот на Ханиоти, на околу 80 метри од плажата. Вилата располага со трикреветни студија и апартмани и четирикреветни дуплекс апартмани кои се наоѓаат на втор и трет кат. Сите соби располагаат со комплет опремени кујни, бања, ТВ, Wi-Fi, крпи и клима уред. Има лифт, а карши вилата има јавен паркинг. Вилата располага со заеднички простор за седење, кој гостите го користат за време на нивниот престој. 

ПРОМО:

21.05-28.05- 89е
28.05-04.06- 99е

Понудата е по лице со вклучен автобуски превоз за 7 ноќевања.
Трето и четврто лице ГРАТИС. Плаќаат само превоз.

 


ЦЕНИТЕ во табелата се однесуваат за наем на студио / апартман

Ценовник број 2 од 22.03.2023

ТЕРМИН

НАЕМ

1/2 стд   

1/3 апп

1/4дуплекс

21.05

7 ноќи

130€

150€

220€

28.05

7 ноќи

180€

200€

260€

04.06

7 ноќи

240€

260€

340€

11.06

7 ноќи

330€

350€

410€

18.06

7 ноќи

 380€

    400

470

25.06

7 ноќи

420€

450

500

02.07

7 ноќи

450€

470

520

09.07

7 ноќи

470€

490

560

16.07

7 ноќи

500€

520

630

23.07

7 ноќи

500€

520

630

30.07

7 ноќи

500€

520

630

06.08

7 ноќи

500€

520

630

13.08

7 ноќи

500€

520

630

20.08

7 ноќи

460€

480 

560

27.08

7 ноќи

380€

400 

520

03.09

7 ноќи

330€

350

410

10.09

7 ноќи

250€

270

340

17.09

7 ноќи

200€

220

270

24.09

7 ноќи

130€

150

220

 

 

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7/8 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Цените во табелата дадени за 1/4 се однесуваат и на апартман и на дуплекс.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.