ПЕЛЕШ,БРАН,БУКУРЕШТ И ЈАШИ СО ПОКЛОНУВАЊЕ НА МОШТИТЕ НА СВЕТА ПЕТКА 265€ (29)

ПЕЛЕШ,БРАН,БУКУРЕШТ И ЈАШИ СО ПОКЛОНУВАЊЕ НА МОШТИТЕ НА СВЕТА ПЕТКА❤️

 

ТЕРМИН:28.03-02.04.2025

Романија — земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.

Прекрасните замоци Пелеш и Бран се главно обележје на Трансилванија, а Јаши пак е дом на бројни универзитети, музеи, архитектонски знаменитости, вклучувајќи ги Палатата на културата, манастирот Тројца архиереи, манастирот Свети Јован Новиот во готски. Јаши е градот во кој почиваат моштите на најпочитуваната и сакана светица на православието, Мајка Параскева - Света Петка.

 

За ова патување доколку сакате да резервирате се резервира со време не 5 до 12