Содржина на вилата: Нудиме дваесет и пет сместувачки единици: двокреветни студија со дополнителен кревет, трокреветни студија и четирикреветни мезонети, кои се наоѓаат на приземје, прв и втор кат. Во непосредна близина има такси станица, како и бројни таверни, кафе барови и познатата пекара Лемони. Вилата има просторија за складирање на багажот на последниот ден од вашиот престој.
Содржина на собите: Четирикреветните мезонети на приземје имаат галерија, додека горниот дел од мезонетите на првиот кат е физички одвоен, но без врата. Сите сместувачки единици се опремени со мини кујна (фрижидер, мини електричен шпорет и прибор), наменета за приготвување на лесни оброци, бања, пространи тераси со гарнитури за седење, LCD телевизор, WiFi (слаб проток), клима вклучена во цената. Вилата располага со крпи, а промената на истите е на пет дена, како и чистење и промена на постелнина во собите.