Крстарење - Heavenly Adriatic

Запловете во ова магично патување на Celestyal, со новиот крузер наречен Celestyal Journey. Заљубете се во неверојатната убавина на Кефалонија, прошетајте низ романтичниот Дубровник, градот на Game of Thrones, и уживајте во магичниот Котор. Со отплувањето во Бари, Италија ве очекува град со огромна култура и историја. Крф ќе ве заведе со својата единствена и волшебна атмосфера. Истражете ги археолошките чуда на Катаколон пред вашето враќање во преубавата Атина. Уживајте во секој момент од ова магично патување.

 

Рута: Скопје - Атина - Кефалонија - Дубровник - Котор - Бари - Крф - Катаколо - Атина - Скопје

Програма за патување

ДенПристаништеПристигнувањеПоаѓање
02.03.24 Сабота Атина (Пиреус) - Грција 13:00
03.03.24 Недела Кефалонија - Грција 08:00 17:00
04.03.24 Понеделник Дубровник - Хрватска 12:00
05.03.24 Вторник Дубровник - Хрватска 02:30
05.03.24 Вторник Котор - Црна Гора 08:00 17:00
06.03.24 Среда Бари - Италија 08:00 17:00
07.03.24 Четврток Крф - Грција 08:00 17:00
08.03.24 Петок Катаколо Грција 08:00 14:00
09.03.24 Сабота Атина (Пиреус) Грција 07:00
Термини и цени 
02.03.2024 - €699 (8 денови) 

Во цената се вклучени следните услуги
  • Автобуски организиран превоз Скопје - Атина – Скопје
  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 еур
  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации
  • Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците
  • Бонус 75 € по човек за користење екскурзии
  • Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот
Не е вклучено
  • Медицински услуги
  • Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот и сл.
  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Паркинг доколку користите сопствен превоз
  • Интернет е со доплата (1h-7евра, 3h-16евра, 6h–25евра)
Сместување
  • Внатрешна кабина ( Cat/IA ) без прозорец: €699
  • Кабина со окно ( Cat/XA –XBO ): €859
  • Кабина со прозорец ( Cat/XB ): €899
  • Дете до 2 години плаќа €289 (пристанишни такси)
  • Цена за дете од 02 до 11 години за сместување во која било кабина изнесува €519
  • Цена за сместување во еднокреветна, трокреветна или четворокреветна кабина е достапна на барање
Важни информации
  • Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00 по локално време
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 250 € депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на организаторот и Целестијал
  • За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
  • Сите горенаведени цени може да подлежат на промени
  • За сите информации околу екскурзиите кликнете ТУКА