• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КСАМИЛ (65)

ПРОГРАМА:

1 ден - петок (09.10.2020)
Состанок на групата на Дрводекор во 21:30 часот, поаѓање во 22:00.
Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности. 

 

2 ден - сабота (10.10.2020)
Пристигнување во Албанија во утринските часови. Сместување во собите, околу 10часот. Време за уживање и релаксација на некоја од прекрасните, егзотични плажи во Ксамил. Оваа дестинација нуди величествено тиркизно море, безброј ресторани покрај самите плажи каде што имате можност да уживате во свежа морска храна како и воодушевувачки зајдисонца. Ноќевање.

 

3 ден - недела (11.10.2020)

Во текот на денот слободно време. Во вечерните часови, можност за организирана вечерна прошетка во Саранда, градче сместено покрај брегот на Јонското Море. Претставува еден од најважните туристички центри тука, исполнето со многубројни кафулиња, барови, ресторани, сувенирници и продавнички. Враќање во вилата и ноќевање.

 

4 ден - понеделник (12.10.2020)

Одјавување од вилата во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, капење, шопинг. Тргнување за Скопје во 14 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  *2 ноќевања во хотелско сместување - 4499ден.

*2 ноќевања во апартманско сместување - 3999ден.  

За деца до 12 години се наплаќа 50%

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
*2 ноќевања со појадок во Хотел Дрилони 3* или 2 ноќевања во Вила Гарден или Вила Рени
*Организација и реализација на патувањето
*Лиценциран туристички водич

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

*Вечерна прошетка во Саранда - 5€ по лице

*Патничко осигурување



За влез во Албанија не е потребен PCR тест.