• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA KERASIOTI (40)

Евиа е втор најголем остров во Грција. Одалечен од Скопје околу 490 км.

Островот е долг 180км, главен град е Халкида во чија близина се наоѓа мост кој го поврзува островот со копно. Од Атина е одалечено 80км. Островот Евиа е омилена дестинација на локалното население. Се одликува со долги песочни плажи, поволни климатски услови, богата флора и фауна, многу борова шума, бројни термални извори и археолошки наоѓалишта. Најпопуларното туристичко место е Пефки кое се наоѓа на северната страна на островот.

Пефки  се протега на 4км долга и широка песочно-каменеста плажа со поглед на Скијатос. Се одликува со кристално чисто море, мало градско пристаниште, шеталиште со голем број на ресторани, таверни, кафе барови. Пефки е место за вистински одмор.

Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал  или технички проблеми и пречки кои може да се појават.                            

  ВИЛА КЕРАСИОТИ – Пефки, Евиа се наоѓа во центарот на Пефки во прва линија на сама плажа. Во приземјето на вилата се наоѓа Пефки травел нашата партнер агенција како и Керасиоти кафетеријата, а собите се на прв спрат. Вилата е комплетно реновирана во 2017 год. И располага со апартмани и студија. Апартманите се за 5 лица со комплетно опремена кујна и посебна спална, клима, тв, тераса. Студијата за 4 лица се со поглед кон дворот и се со брачен кревет и два единечни и се опремени со кујна, клима уред (вклучен во цената),ТВ,тераса.

10% попуст за рана уплата до 31.03.2020


  • Цените со * се однесуваат на пакет аранжман по лице (7 ноќевања со вклучен превоз

                     30 евра за патување со сопствен превоз.

                      доплата за превоз 55 евра  за возрасни, 40 евра за деца до 12 години

  • Цените без * се однесуваат на наем на студио ( 7 ноќевања)
  • За уплатени два аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман
  • Во студио дозволено е сместување на лица согласно предвидениот број на кревети.    Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6год. во кревет со родител
  • Во цената не е вклучено патничко-здравствено осигурување
  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  •  попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата
  • При промена на цената ( зголемување или намалување на истата) нема да се менува веќе договорената услуга.
  • При отказ на аранжман уплатен со попуст, важат условите за отказ согласно редовниот ценовник и општите услови за патување
  • Доколку се прави промена на термин уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник – се губи правото на попуст. 
  • Цените се изразени во евра за уплата во денарска противредност ( 1 евро= 62ден.)

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ 

-          Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

-          Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.

-          Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

-          За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.

-          Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.

-          Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

-          Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

 

 

Важат општите услови за патувањe на Т.А.  МЕРИДИЈАН  и СКТМ