Вила FABIO (15)

Вила“Fabio” е одалечена на 250 метри од плажаи на 100 метри од центарот. Сите соби имаат комплетно опремена кујна со фрижидер, тераса, ТВ… Бесплатно користење на клима уред, Wi-Fi, паркинг.

Студијата се наоѓаат на приземје и прв кат.

 

EARLY BOOKING

10% попуст за резервации до 15.06.2021 со 30% уплата

Валиден ценовник од 14.06.2021


НАПОМЕНИ:

-ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио за 7 ноќевања.

-Во студио/соба дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број има можност со дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

-Превозот е еден ден пред терминот во табелата.

-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

- Туристичка такса за деца до 3г. бесплатно, за возрасни лица 1 евро по лице на ден. Се плаќа во Агенција.

-Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

-За уплата на два последователни термини за престој, одобруваме 10% попуст на вториот термин и важи само за редовни цени.

-Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

-Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

-Сместување во собите е по 14:00часот по локално време, а напуштање на истите е до 09:00часот.

-Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање. - Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

-По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

-Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

-Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

-Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

-Се патува според протокол, преку граничен премин Ќафасан (Струга). Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање.

- Во услови на Ковид19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.

- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

- При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.

- Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

 

Цена за превоз:

-Возрасно лице 55 евра

-Деца до 12 години 40 евра

-Деца до 2 години (без седиште) – бесплатно

-Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

 

Град на поаѓање            Mесто на поаѓање                                        Време на поаѓање       

Куманово:                          (кај рафинерија Окта - автопат)                              22:00h  

Скопје:                                     (паркинг пред VIP хотел наспроти саем)           22:30h

Штип:                                   (паркинг пред нова пошта)                                     21:30h

Велес:                                  (бензинска Mакпетрол, кружен тек)                       21:45h

Тетово:                                   (бензинска Макпетрол - на влезот)                     23:15h

Кичево                                 ( бензиска пумпа)                                                    23.55h

Охрид:                                 (пред аеродром Св.Апостол Павле)                       01:30h

Струга:                                 (кружен тек на влез)                                                01:45h

Поаѓање од Ксамил:    14:00h  (пред вилата или на околу 50м од вилата)