• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ХОТЕЛ ИЗГРЕВ 5*

Положба

Хотелскиот комплекс Изгрев Спа и Аквапарк е сместен во прекрасната борова шума на самиот брег на Охридското езеро. Лоциран е на 5 километри од градот Струга, 15 километри од Охридскиот аеродром и 20 километри од градот Охрид.


Сместување

Хотелот Изгрев има капацитет за 621 гостин со вкупно 201 соба и апартмани од кои: 160 стандардни соби 2+1, 19 фамилијарни соби за макс.4 лица, 6 поврзани соби макс.4 лица, 13 апартмани макс.5 лица. Сите соби се модерно опремени со систем за греење и ладење, сеф за вредности, LCD TV, сателитска ТВ, мини бар, аларм часовник, аларм за помош, аларм за пожар со противпожарен систем, под со тепих, балкон, директна телефонска линија, систем за заклучување со картичка, говорна пошта,24 часовна собна услуга, WI-FI интернет конекција, бања опремена со када или туш кабина, фен, додатоци за бања, бањарки, влечки, даска за пеглање на барање и креветче за бебе на барање.


Услуга

- Ноќевање со појадок - Полупансион (доручек и вечера) Хотелот Изгрев нуди простран комфорт во прекрасна атмосфера на површина од 90.000м2 со 500метри долга приватна плажа. Хотелот има ресотран со капацитет од 150 гости, балкон со капацитет од 150 гости, бински подрум, фитнес центар, конгресни сали, спа центар со Турска бања, сауна, соби за масажа и затворен базен, аква парк со површина од 15.000 м2 со 6 базени, тениски игралишта, игралиште за кошарка, мини голф, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг-понг, билјард маси, приватен паркинг, рибен ресторан во близина на хотелот и пристаниште.

Деца :

Едно дете до 6.99 години - гратис.
Две деца од  2-11.99 години, двете плаќаат по 50 % од цената на возрасен,
Едно дете од 7 -11.99 години плаќа 50 % од цената на возрасен.

Во цената се вклучени следниве услуги:
• Ноќевање со појадок
• Користење на Aqua Park, Spa center, лежалки на плажа
• Вклучена туристичка такса

 
Во цената не се вклучени следниве услуги:

• Доплата за вечера 10 еур по лице за возрасни, 5еур за деца до 7год.
• Екстра трошоци во хотел

 
Важна напомена:
• Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
• За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување
• За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ